Македонската делегација која ќе учествува на зимските олимписки игри во Кортина денеска пристигна во Милано. Во неа се четири натпреварувачи и шест официјални лица предводени од шефот на делегацијата, Цветанка Макаровски“ стои во објавата на МОК. Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано в петок, 6 февруари, со истовременицеремонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо“ – се наведува во објавата на МОК. Македонија на Игрите ќе ја претставуваат: Јана Атанасовска во алпско скијање ќе…
Author: dino
Минесота влезе во друштвото на екипите во НБА кои сериозно размислуваат да го ангажираат Јанис Антетокумпо пред крајниот рок за размена на 5 февруари. За таа цел Минесота би морала да го вклучи во размената и Џејден МекДениелс што е малку веројатно. Затоа во наводите се потенцира дека во пакетот би можеле да влезат: МекДениелс, Наз Рид, Роб Дилингам и Џоан Берингер.
40-годишниот плејмејкер на Лос Анџелес Клиперс, Крис Пол, уште чека понуда да биде разменет. Кошаркарот беше отстранет од тимот уште во декември во 2025 година иако во изминатото лето се согласи да потпише едногодишен договор вреден скромни 3,6 милиони долари. Ветеранот во сезонава одигра само 16 натпревари со просек од 2,9 поени и 3,4 асистенции. Тој најави и можно пензионирање доколку не пронајде клуб.
Канадскиот пар, Дијана Стелато-Дудек и Максим Дешан, нема да се натпреварува во екипна конкуренција во уметничко лизгање на Олимписките игри во Милано-Кортина поради повреда на Стелато-Дудек. 42-годишната олимпијка стана највозрасната светска шампионка во уметничко лизгање кога го освои златниот медал во 2024 година. Канадскиот олимписки комитет потврди дека таа се повредила за време на тренинг во Квебек.
Ребека Паслер, е суспендирана од Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 откако беше позитивна на забранети супстанции на четири дена пред почетокот на игрите, објави Италијанскиот национален олимписки комитет. 24-годишната биатлонка од Италија може да се соочи со долготрајна забрана за настап на снежните патеки. Претседателот на Италијанската зимска спортска федерација, Флавио Рода, изјави дека целиот случај во наредните денови ќе биде дополнително анализиран.
19-годишниот крилен фудбалер на Челзи, Тајрик Џорџ, замина на позајмица до крајот на сезоната во екипата на Евертон. Договорот меѓу двата клуба вклучува опција за перманентен трансфер. Младиот фудбалер има 37 настапи за „сините“ и постигнато шест голови. Тој во Евертон треба да биде замена за Џек Грилиш кој има скршеница и веројатно нема да игра до крајот на сезоната.
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, го пофали Флоријан Вирц кој полека влегува во посакуваниот ритам. „Нема сомнение дека човекот има вештини. Го следев многу и се прашував дали би можел да го достигне нивото на Де Бруин“ – рече Карагер. „Кога го гледам Вирц, мислам дека би можел да биде исто како Давид Силва но, тој веќе не е дете“ – рече прославениот фудбалер на „црвените“.
Самуел Ајлинг-Џуниор, ја напушти Англија и се врати во италијанскиот фудбал во екипата на Пиза која се наоѓа на дното на табелата во Серија „А“. 22-годишникот има играно за Јувентус и Болоња и има искуство од италијанскиот фудбал. Ајлинг-Џуниор беше дел од англиските состави Астон Вила, Мидлсборо и Вест Бромвич Албион. Ќе потсетиме дека Пиза по серијата на лоши резултати деновиве се раздели со тренерот Алберто Џилардино.
Италијанскиот елитен фудбалски клуб, Рома, потврди дека го ангажирала крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Брајан Сарагоса, кој досега играше како позајмен во шпанската Селта. Тој ќе настапува на стадионот – „Олимпико“ до крајот на сезоната по што „волчицата“ ќе има опција да му го откупи договорот под одредени услови. Сарагоса одигра 26 натпревари за шпанскиот состав со ефект од два гола и четири асистенции.
Ракометарите на Данска по 14 години пауза повторно го освоија европскиот врв. Тие денеска во финалето во Херниг славеа против Германија со 34 спрема 27 и станаа втората земја по Франција што ги обедини трите титули од Мундијалот, Олимписките игри и Европските шампионати. Данците предводени од Матијас Гитсел (МВП на европското), го скршија отпорот на „панцирите“ дури во последните 10 минути. Кај освојувачот на златото се издвоија Питлик со 8 голови пред Гитсел и Хансен со седум додека кај Германците најпрецизни беа Кнор, Гргич и Гола со по пет погодоци.
