Ребека Паслер, е суспендирана од Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 откако беше позитивна на забранети супстанции на четири дена пред почетокот на игрите, објави Италијанскиот национален олимписки комитет.
24-годишната биатлонка од Италија може да се соочи со долготрајна забрана за настап на снежните патеки.
Претседателот на Италијанската зимска спортска федерација, Флавио Рода, изјави дека целиот случај во наредните денови ќе биде дополнително анализиран.

