40-годишниот плејмејкер на Лос Анџелес Клиперс, Крис Пол, уште чека понуда да биде разменет.
Кошаркарот беше отстранет од тимот уште во декември во 2025 година иако во изминатото лето се согласи да потпише едногодишен договор вреден скромни 3,6 милиони долари.
Ветеранот во сезонава одигра само 16 натпревари со просек од 2,9 поени и 3,4 асистенции. Тој најави и можно пензионирање доколку не пронајде клуб.

