Author: dino

Штајн Гудјонсон, селекторот на Исланд, вели дека може да се извлече поука од вчерашниот пораз од Данска во рамките на полуфиналето на европскиот ракометен шампионат. „Изгубивме од најдобриот тим во светот, им честитам. Дадовме добра игра на Данска. Горд сум на мојот тим. Моите играчи направија сè што можеа за да победат, но тоа не беше доволно“ – вели Гудјонсон.„Направивме неколку грешки во второто полувреме. Против Данска дома кога имаат предност од три или четири гола, станува тешко да се остане на исто ниво“ – рече Гудјонсон.

Read More

Николај Јакобсен тренерот на ракометарите на Данска го анализираше мечот со Исланд. Неговите избраници победија со 31:28 и влегоа во утрешното финале. „Беше навистина тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Успеавме да одржиме навистина добра борба, особено во второто полувреме“ – вели Јакобсен. „Игравме остро кога имавме два или три гола предност и генерално многу сум среќен што успеавме да се пласираме во финалето.“ – рече Јакобсен.

Read More

Македонскиот фудбалер и интернационалец Иван Николов за многу кратко пронајде нова средина, откако му истече договорот со данскиот клуб Сондерјиске.  23-годишниот играч од средниот ред на маса имаше неколку конкретни понуди од од Данска, Норвешка, Унгарија и Србија, но на крај се реши за преселба во Босна и Херцеговина, во редовите на Радник Бијелина. Николов првите фудбалски чекори ги направи во штипска Брегалница, а потоа играше за Академија Пандев, Вардар и Сондерјиске. Минатата сезона беше и на позајмица во тимот на Вендсисел, каде одигра тринаесет натпревари.

Read More

ЖРК Вардар по вчерашното прво зимско засилување, Таида Беровиќ, денеска ги ангажираше и Ања и Мила Лашкоски, репрезентативки со извонреден талент и потенцијал. Ања настапи на кадетското и младинското Европско првенство. Станува збор за лево крило кое игра во двете насоки и одлично реализира пенали. Мила игра на позицијата пикер. Двете се на седумнаесет годишна возраст и поседуваат голем ракометен потенцијал, објави ЖРК Вардар на социјалните мрежи.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Рома, Ману Коне, ќе отсуствува околу еден месец, објави „Скај Спорт Италија“ повикувајќи се на извори од клубот. Играчот заработи потешка повреда на ногата на викенд-дербито со Милан и мораше принудно да замине во соблекувалната. Црномурестиот фудбалер во тековнава сезона се појави на 29 натпревари со ефект од два гола и една асистенција.

Read More

„Газета дело Спорт“ објави дека луѓето од Јувентус го насочиле вниманието кон португалскиот фудбалер во редовите на Евертон, Бето, откако дефинитивно пропадна најавениот трансфер на Мароканецот, Јусеф Ен-Несири. Во текстот се наведува дека италијанскиот клуб влегол во интензивни преговори со колегите од Англија кои бараат најмалку 20 милиони евра за потписот на одличниот напаѓач.  Бето има исксутво од Серија „А“ бидејќи на времето го носеше дресот на Удинезе.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Мартин Одегард, вели дека „топчиите“ мора да го издржат притисокот во трката за титулата во Премиер-лигата. „Мислам дека имаме искуство од претходните сезони и многу работи можат да се случат. Сега мора да се држиме заедно“ – рече Норвежанецот.„ Значајно е да останеме фокусирани. Не смееме да слушаме што се зборува околу нас. Тоа не смее да влијае на тимот“ – рече Одегард.

Read More

Фудбалерот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, сака да си замине од клубот до крајот на месецов откако Нотингем Форест упати понуда вредна 35 милиони фунти. Напаѓачот ги започна сите сезонски мечеви во Премиер лигата и постигна осум гола. Неговиот договор е активен до летото во 2027 година.   28-годишниот напаѓач беше трансферна цел и на Јувентус но, екипата од Торино се откажа од намерата да го ангажира.

Read More

Американскиот кошаркар, Девонте Грим, веројатно ќе добие дозвола да си замине од Црвена Ѕвезда, откако не ги исполни очекувањата. Играчот кој има НБА искуство ги пропушти последните пет натпревари. Тој извесен период се соочуваше и со потешка повреда на ногата. Грим одигра минимален број на мечеви во Евро-лигата со просек од 3 поени и 1,1 асистенции.

Read More

Двократната освојувачка на Големиот кристален глобус во алпско скијање, Фредерика Брињоне, успеа да ја санира повредата и да влезе во тренинг процес за претстојната Зимска Олимпијада. Швајцарката се повреди во април во 2025 година и мораше да биде надвор од скијањето речиси девет месеци. 35-годишната Брињоне изјави дека сака да се врати во ритам за олимписките игри и секако за тековната сезона во алпско-скијање.

Read More