Николај Јакобсен тренерот на ракометарите на Данска го анализираше мечот со Исланд. Неговите избраници победија со 31:28 и влегоа во утрешното финале.
„Беше навистина тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Успеавме да одржиме навистина добра борба, особено во второто полувреме“ – вели Јакобсен.
„Игравме остро кога имавме два или три гола предност и генерално многу сум среќен што успеавме да се пласираме во финалето.“ – рече Јакобсен.

