Author: dino

Голманот на селекцијата на Хрватска, Доминик Кузмановиќ, признава дека Шведска одигра одличен меч и сосема заслужено ги  совлада „коцкестите“ во битката за првото место на табелата. „На полувремето резултатот беше минус четири и очекувавме да се вратиме во играта но, тргна наопаку. Мислам дека направивме многу грешки како почетници затоа што во тој период кога изгубивме еден, двајца играчи, не бевме тимот што сакавме да бидеме“ – рече Кузмановиќ. Хрватите и покрај поразот продолжуваат во главната фаза но, имаат намалени шанси да се вклучат во трката за место во полуфиналето.

Read More

Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, е трет стрелец во групниот дел на Европскиот шампионат во Данска, Шведска и Норвешка. Тој има 28 голови или само еден помалку од Кико Кошта (Португалија) и Грузиецот, Цовребадзе . Популарниот „фитиљ“ е најдобар изведувач на ударите од седум метри во првата фаза.. Нашиот бек e во друштво на неколку играчи со 12 успешно изведени пенали но, е единствениот што нема промашување.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучано Спалети, вели дека неговиот тим заслужено славеше против Бенфика со 2-0 со што си обезбеди место во плејофот од Лигата на шампионите. Италијанците имаат шанса за пласман меѓу првите 8 и директно да одат во осминафиналето. „Понекогаш се сомневав дали ќе успееме, но едноставно таков сум. Имавме некои тешкотии во почетокот на второто полувреме а потоа се вративме на нашиот фудбал“ – рече Спалети. „Нашиот радар треба секогаш да биде вклучен но, понекогаш ја губевме топката затоа што имавме непрецизни додавања“, додаде специјалистот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, призна дека неговите избраници заслужено загубија вчера од Арсенал во меч од 7-то коло во Лигата на шампионите. „Арсенал беше поинтензивен, потехнички и побрз. Се обидовме да останеме во игра. Во првото полувреме игравме добро а со резултат 1-1 можевме да постигнеме уште еден гол“ – вели Романецот. „Немавме среќа со голот по корнер, кога топката се одби од пречката. Во второто полувреме, Арсенал беше фокусиран и играше многу дефанзивно“ – нагласи тренерот на „нероаѕурите“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на вчерашниот пораз кај норвешкиот Бодо во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите. „Знам колку е добар противникот, минатата сезона играа во полуфиналето на Лигата на Европа. Игравме без неколку значајни фудбалери и немавме стабилност“ – рече Гвардиола. „Не се согласувам дека играчите дејствуваа расеано. Ги немавме Доку, Савињо и други типични крилни играчи. Бодо е добро организиран“- потенцираше тренерот на „граѓаните“.

Read More

Дебитантот во Формула 1, Ауди, вчера во Берлин ја откри бојата што ќе ја користи во сезоната 2026. Болидот ќе се вика R26 и ќе биде претежно сребрен, со црн капак на моторот и црвени елементи на долниот дел. Шефот на проектот на Ауди за Формула 1, Матија Биното, вели работите одат во посакуваната насока. „Ауди  нè поддржуваше многу од првиот ден, од нула, тие се целосно посветени на нашиот проект а тоа е најзначајно “ – рече Биното.

Read More

Кошаркарот на Апоел Тел Авив, Колин Малколм, не крие дека е задоволен по триумфот против Анадолу Ефес во вчерашниот меч од Евро-лигата. „Многу сум горд на тимот што успеа да надмине двоцифрена предност на полувреме. Тоа покажува карактер. Мора да се фокусирате на одбраната и да вложите многу енергија“ – рече црномурестиот играч во израелскиот состав. „Направивме неколку одлични работи во одбраната и немаше паника во нашиот тим“ – рече Малком по големата победа против Ефес.

Read More
NBA

Центарот на екипата на Хјустон, Стивен Адамс, заработи повреда на глуждот на мечот против Њу Орлеанс.Тоа го потврди и тренерот на „ракетите“, Име Удока. „Тоа е многу сериозно истегнување на глуждот. Мислам дека е од трет степен. Сè уште собираме податоци. Веројатно нема да се врати наскоро“ – рече Удока. Адамс во сезонава има просек од 5,9 поени и 8,6 скока за 22,7 минути поминати на теренот.

Read More
NBA

Кошаркарот, Кејонте Џорџ, постави рекорд во кариерата по бројот на постигнати кошеви на еден натпревар. Тој беше херојот Јута во победата над Минесота од 127-122. Бекот на „џезерите“ постигна рекордни 43 поени во кариерата, со 15 погодени од 28 шутеви од поле, 6 од 13 од линијата за тројка и 7 од 8 од линијата за слободни. Џорџ имаше две украдени топки и три асистенции како и шест загубени топки.

Read More

Македонија на крајот ќе заврши на 14-тото место на контиентналниот собир со ефект од една победа едно реми и еден пораз. Претседателот на РФМ, Александар Стефанов,  е задоволен од настапот на нашите ракометари. „Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики. Докажавме дека можеме во силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска како и Португалија која заврши четврта на последното светско првенство“ – изјави Стефанов.„Ова е една успешна претстава, одиграно машки, храбро, борбено. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“ – заврши Стефанов.

Read More