Кошаркарот, Кејонте Џорџ, постави рекорд во кариерата по бројот на постигнати кошеви на еден натпревар.
Тој беше херојот Јута во победата над Минесота од 127-122. Бекот на „џезерите“ постигна рекордни 43 поени во кариерата, со 15 погодени од 28 шутеви од поле, 6 од 13 од линијата за тројка и 7 од 8 од линијата за слободни.
Џорџ имаше две украдени топки и три асистенции како и шест загубени топки.

