Author: dino

Нашиот пивотмен, Жарко Пешевски, проценува дека Романија по извесна стагнација повторно има големи амбиции во европскиот ракомет но, Македонија е репрезентација која негува нов стил на ракомет. „Трчаме квалитетно, без технички грешки, знаеме кого напаѓаме и мислам дека тоа ќе ни биде додаток плус во играта со кој ќе им правиме проблем на ривалите, особено на Романците. Мислам дека може да биде важен сегмент кој ќе биде одлучувачки“ – рече Пешевски. „Нема огромна разлика кај Романија од подготовките до сега. Ќе решаваат детали, кој ќе биде посмирен мислам дека ќе го добие натпреварот“ – изјави кружниот напаѓач.

Read More

Селекторот на нашите ракометари, Кирил Лазаров, соочен со повредите на двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, веднаш реагираше и повика нов играч. Тоа е капитенот на Охрид, Гоце Ојлески, кој експресно замина за Данска. Играчот на Охрид деновиве се појави на пријателските натпревари против Динамо Панчево и Тримо Требње. Тој треба денеска да пристигне во Хернинг и да биде на располагање за утрешниот меч со Романија во рамките на последното коло во нашата група.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, по триумфот против Лече, вели дека „росонерите“ се на половина пат до пласман во Лигата на шампионите. „Лече одеше длабоко и ни требаа повеќе трчања за да го избегнеме нивниот офсајд. Кога сме меѓу првите четири, тогаш можам да гледам подалеку“ – рече Алегри.  „Станува збор за математика. Треба да извадиме просек од два бода по натпревар и да дојдеме до целта“ – беа зборовите на тренерот на Милан.

Read More

Фудбалерот, Франческо Камарда, е пред враќање во Милан откако неговиот договор за позајмица во Лече беше раскинат пред да истече предвидениот рок. 17-годишникот одигра 19 натпревари, постигна еден гол и имаше една асистенција. Според италијанските медиуми, раководството на „росонерите“ одлучило да го врати на стадионот – „Сан Сиро“. Камарда веднаш ќе се приклучи на тренинзите и ќе му биде достапен на тренерот Макс Алегри.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Кристал Палас ја одбиле понудата на Јувентус за најдобриот стрелец Жан-Филип Матета. Италијанците сакаат да го ангажираат црномурстиот играч на позајмица но, англичаните инсистираат на перманентен трансфер и тоа за сума од околу 40 милиони евра. Французинот во тековнава сезона има одиграно 33 натпревари со ефект од 10 гола и две асистенции.

Read More

Фудбалскиот состав, Челзи, прави напори да го обезбеди дефанзивецот на Рен, Џереми Жак, откако 20-годишникот прифатил да се пресели на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. Медиумите наведуваат дека  францускиот клуб бара најмалку 65 милиони евра за младиот стопер и дека преговорите се интензивираат. Лондончани пак, сакаат да га завршат трансферот додека трае зимскиот преоден рок.

Read More

Ѕвездата на Оклахома, Џејлен Вилијамс, има истегнување на десниот тетивен мускул и нема да игра извесен период. 24-годишниот кошаркар ги пропушти првите 19 натпревари од тековната сезона додека се опоравуваше од операција на десниот зглоб.  Тој во тековнава сезона има просек од 16,8 поени, 4,8 скока и 5,6 асистенции.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џа Морант, вели дека е лојален човек и затоа сака да остане во Мемфис. Тој по триумфот против Орландо, се насочи кон шпекулациите дека може да биде разменет во друг клуб во НБА лигата. „Имам лого на грбот што  јасно треба да ви каже каде сакам да бидам. Ако некој ме познава тука, јас сум многу лојален човек“ – рече плејмејкерот, алудирајќи на тетоважата со логото на Мемфис. Тој откако пропушти шест мечеви поради повреда на ногата имаше одлично враќање на мечот со Орландо. На крајот забележа 24 поени и 13 асистенции

Read More

Еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона, крилниот напаѓач Рафиња, ќе го пропушти денешниот натпреварот против Реал Сосиедад во Примера Дивизион. Тој поради мала повреда на бутот нема да биде во тимот на Барса за денешното тешко гостување. Каталонскиот клуб појасни дека станува збор за превентивна мерка и дека очекува Рафиња да биде подготвен за наредниот натпревар на Барселона.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се осврна на вчерашното реми на домашен терен со Барнли во меч од елитната фудбалска конкуренција на Англија. „Ние сме Ливерпул, игравме против Барнли и мора да им оддадеме признание за тоа како се бранеа и како ги направија сите работи. Целосно го разбирам разочарувањето на навивачите“ – рече Слот. „Можам да ви кажам дека се чувствувам исто како и играчите. Сите сакаме да победуваме“ – нагласи тренерот на „црвените“.

Read More