Еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона, крилниот напаѓач Рафиња, ќе го пропушти денешниот натпреварот против Реал Сосиедад во Примера Дивизион.
Тој поради мала повреда на бутот нема да биде во тимот на Барса за денешното тешко гостување.
Каталонскиот клуб појасни дека станува збор за превентивна мерка и дека очекува Рафиња да биде подготвен за наредниот натпревар на Барселона.

