Ѕвездата на Оклахома, Џејлен Вилијамс, има истегнување на десниот тетивен мускул и нема да игра извесен период.
24-годишниот кошаркар ги пропушти првите 19 натпревари од тековната сезона додека се опоравуваше од операција на десниот зглоб.
Тој во тековнава сезона има просек од 16,8 поени, 4,8 скока и 5,6 асистенции.

