Кошаркарот на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, веројатно ќе остане со тимот до крајот на сезоната. Играчот пропушти 26 натпревари оваа сезона бидејќи се опоравува од повреда на лигаментите на левиот зглоб. Неговите наредни прегледи ќе бидат кон крајот на февруари. Дејвис има загарантирани 58,5 милиони долари за следната сезона со опција да побара уште едно продолжување во август.
Author: dino
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, изјави дека Дерик Роуз значи повеќе за Чикаго отколку Мајкл Џордан. „Нема никој во Чикаго поважен од Дерик Роуз – и немојте да се лажете во врска со тоа. Д-Роуз е сè за градот Чикаго.“ – рече Грин. „Слушајте, со сето должно почитување кон Мајкл Џордан, сите сакавме да бидеме како Мајк но, тој не значи повеќе за Чикаго од Дерик Роуз“ – рече Грин.
Кошаркарската федерација на Република Македонија ја информира јавноста дека Управниот одбор донесе одлука за именување на г. Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација. Г. Берокал е искусен шпански тренер со повеќе од 35 години тренерско искуство од кои 14 години во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата а работел во Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).
Македонија ќе има четири претставници на Зимските Олимписки игри во Милано-Кортина во Италија, потврди МОК преку социјалните мрежи и официјалниот веб-портал. Во Нордиско трчање боите на нашава земја ќе ги бранат Ана Цветановска – спринт и интервал старт 10 км и Ставре Јада – спринт и интервал старт 10 км. Во Алпско скијање очекувано ќе не претставуваат: Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом и Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом. Зимската Олимпијада ќе биде реализирана годинава во термин од шести до 22 февруари.
Јувентус ќе остане без услугите на фудбалерот, Душан Влаховиќ, до крајот на месец март, велат последните информации од Апенините. Голгетерот кој поради повреда е надвор од терените од крајот на ноември, полека влегува во последните шест месеци од договорот со „старата дама“. Иако интернационалецот од Србија требаше да се врати во тренинг-процес кон крајот на февруари, сега тој термин се пролонгира.
Фудбалерот на Рома, Костас Цимикас, може да ја напушти Италија и да се врати во Англија во екипата на Нотингем Форест, наведуваат дел од медиумите на „Чизмата“. Се очекува грчкиот дефанзивец да го заврши престојот на Олимпико бидејќи истекува неговиот рок како позајмен од Ливерпул. Цимикас се поврзува со голем број клубови но, Нотингем бил конкретен со понудата да го ангажира како позајмен играч а потоа да му го откупи договорот.
Репрезентацијата на Шведска доцна синоќа во Малме ја совлада Хрватска и го освои првото место во групата. „Викизите“ во наредната фаза ќе пренесат максимален број на бодови а нивниот селектор, Михаел Апелгрин, вели дека е задоволен од целата атмосфера. „Арената вриеше. Вака сакаме да биде ракометот. Сите што играа уживаа, мислам, сите што беа во арената. Навистина мислам дека беше неверојатен натпревар. Убаво е чувството“ – нагласи Апелгрин.
Гилберт Аренас го сподели своето мислење за Остин Ривс кој има опција да остане во Лос Анџелес Лејкерс за уште пет години и да добие 240 милиони долари . „Ривс е клучен за иднината на тимот бидејќи тој е највредниот капитал. Тоа значи дека ќе мора да преплатат за него што би ги вратило 10 години назад“ – рече Аренас. „Проблемот е комбинацијата од таков договор и обнова на истиот. Човек како него играл на неколку Ол-стар натпревари и бил дел од Ол-стар тимот“ – рече Аренас.
Стивен А. Смит го критикуваше тимот на Њујорк кој победи на само на три од последните 10 натпревари во НБА лигата. „Проблемот е одбраната. Тие се ужасни. Го почитувам Мајк и му пожелувам се најдобро. Имаше изјава дека тие биле кошмар во одбраната цела сезона. Тоа не беше кажано за тимот на Тибодо – рече Смит. „Тие треба да направат промена. Времето истекува“ – заклучи водителот на „ESPN“, Стивен А. Смит.
Селекторот на Црна Гора, Дидие Динар и покрај слабиот настап на Европското првенство верува дека селекцијата има квалитет и дека може да оди на Мундијалот. „По вториот пораз не беше можно да го подигнеме тимот а потоа сè тргна надолу. Сите сме разочарани, се разбира. Имаме идеја како да играме, но немаме доволно луѓе“ – рече Динар. „Имаме плеј-оф со Финска и апсолутно сакам да продолжам. Сакаме да се квалификуваме за Светското првенство“ – рече селекторот на Црна Гора.
