Author: dino

Хрватската ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство. Во натпреварот за третото место „коцкестите“ го победи Исланд со 34:33 откако на паузата заминаа со водство од 17:14. Балканците имаа предност во еден период и од шест голови но, упорните Исланѓани не се предадоа и направија драматичен финиш. Во бронзениот состав се издвои Тин Лучин со девет голови додека кај „рибарите“ се наметна Инги Омар Магнусон со 12 голови од кои десет беа од линијата од седум метри. Хрватите по среброто освоено на претходниот Мундијал сега се враќаат дома со бронза од Европскиот шампионат.

Read More

Шпанецот, Карлос Алкараз, го освои првиот трофеј на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Тој на терените во Мелбурн го совлада во финалето Новак Ѓоковиќ, со 3-1 во сетови (2-6, 6-2, 6-3, 7-5) со што го спречи Србинот да се израдува на 25-та Грен Слем титула. Алкараз со триумфот на Малбург парк сега има седум пехари од така наречената голема четворка бидејќи по два пати победи и на терените на Роланд Гарос, во Англија и на Отвореното првенство на САД.

Read More

Лутшарел Гертруда, актуелен фудбалер на РБ Лајпциг, кој во првиот дел од сезоната беше позајмен во редовите на англискиот Сандерленд може да добие понуда да се пресели во Ливерпул. Медиумите тврдат дека тренерот на „црвените“, Арне Слот, сака да го ангажира дефанзивецот на позицијата десен бек иако тој може да дејствува и како стопер. Холандскиот тренер соработуваше на времето со младиот играч додека го водеше составот на Феенорд.

Read More

Раководството на Вердер Бремен одлучи да го раскине договорот со тренерот Штефан Хорст по вчерашното реми на домашен терен со Борусија Менхенгладбах во Бундес-лигата. Штефан го предводеше тимот во 20 натпревари со ефект од четири победи, седум нерешени и девет порази. Генералниот менаџер на германскиот состав, Клеменс Фриц, проценил дека Хорст не може да го врати тимот на победнички патеки и затоа разделбата била неминовна.

Read More

Шкендија и Динамо Киев постигнаа нов договор за Решат Рамадани кој и во наредниот период ќе биде дел од македонскиот шампион. Клубот од Тетово информираше  дека се работи за нова трета позајмица според која Рамадани ќе го носи дресот на „црвено-црните“ најмалку до јули. Фудбалерот во тековнава сезона одигра 24 натпревари за Шкендија и постигна еден погодок.

Read More

Во пресрет на финалето на ЕП 2026 меѓу Данска и Германија беше избран Ол-стар тимот за кој гласаа навивачите и стручна комисија од ЕХФ. Во него се сместија: Голман: Андреас Волф (Германија)Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)Лев бек: Симон Питлик (Данска)Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд)Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)Пивот: Јоханес Гола (Германија) За МВП на првенството е прогласен Матијас Гидсел од Данска. Најдобар дефанзивец  е Салвадор од Португалија а најдобар млад играч  Франциско Кошта исто така од Португалија која го освои 5-то место.

Read More

Македонската Дејвис куп репрезентација следниот викенд ја очекува првиот дуел во 2026 година. Македонските тенисери гостуваат на Кипар во мечот од Втората Светска зона. Селекторот Горан Шевченко ќе ги има на располагање: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски. Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски кој е во САД не е доволно подготвен. За селекцијата на Кипар ќе настапат Мелиос Естатиу, Фотос Фотиадес, Никола Кембел; Константинос Мегалемос и Елефтериос Неос. Македонската репрезентација в понеделник заминува за Никозија.

Read More

Матео Мараш десен бек на Хрватска по поразот од Германија во вчерашното полуфинале на континеталниот собир беше реален во проценката на прикажаното. „Пропуштивме многу шанси, бидејќи нивниот голман беше неверојатен. Одигравме добар натпревар. Проблемот беше почетокот на второто полувреме кога тие поведоа. Се обидовме да ги стигнеме, но тие играа паметно и подобро од нас. Затоа се во финалето. – рече Мараш. „Не сме завршиле. Треба да се бориме за бронзениот медал и да се обидеме да го освоиме. Сè уште имаме цел. Ако завршиме со медал, би било големо достигнување. Тоа беше главната причина кога дојдовме тука – да…

Read More

Селекторот на Португалија, Пауло Фереира се насочи кон вчерашниот меч со Шведска. Неговите избраници славеа со гол во последната секунда и го освоија петтото место на Континеталниот собир. „Мислам дека беше неверојатен натпревар. Португалија заслужува да биде меѓу најдобрите тимови затоа што ставивме малку повеќе емоции, малку повеќе романтичен дел од спортот и мислам дека на сите спортови им се потребни вакви тимови, кои имаат идеи, кои имаат паметни луѓе кои се борат“ – рече Фереира. „Мислам дека е прекрасно да се гледа како играме. Mожам да бидам среќен со младите ракометари на Португалија, мислам дека сум многу, многу горд…

Read More

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го анализираше поразот од Германија во вчерашното полуфинале во Хернинг. „Германија одигра многу добар натпревар. Во голманската игра имаше премногу разлика. Во второто полувреме беше малку хаотично. Моравме да смениме повеќе играчи во одбраната и нападот а седум-на-шест не функционираше многу“ – рече Сигурдсон. „Првото полувреме беше одлично. Можевме да го контролираме темпото, но потоа беше тешко, бидејќи  заостанувавме неколку голови.“ – рече селекторот на „коцкестите“.

Read More