Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го анализираше поразот од Германија во вчерашното полуфинале во Хернинг.
„Германија одигра многу добар натпревар. Во голманската игра имаше премногу разлика. Во второто полувреме беше малку хаотично. Моравме да смениме повеќе играчи во одбраната и нападот а седум-на-шест не функционираше многу“ – рече Сигурдсон.
„Првото полувреме беше одлично. Можевме да го контролираме темпото, но потоа беше тешко, бидејќи заостанувавме неколку голови.“ – рече селекторот на „коцкестите“.

