Во пресрет на финалето на ЕП 2026 меѓу Данска и Германија беше избран Ол-стар тимот за кој гласаа навивачите и стручна комисија од ЕХФ. Во него се сместија:
Голман: Андреас Волф (Германија)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Пивот: Јоханес Гола (Германија)
За МВП на првенството е прогласен Матијас Гидсел од Данска. Најдобар дефанзивец е Салвадор од Португалија а најдобар млад играч Франциско Кошта исто така од Португалија која го освои 5-то место.

