Медиумите во Англија наведуваат дека челниците на Тотенхем по поразот од Вест Хем во вчерашниот меч во Премиер лигата, размислуваа да го отпуштат менаџерот, Томас Франк. За популарните „спарси“ тоа беше осмиот пораз што предизика големо незадоволство кај фановите кои јавно побараа заминување на Франк. Засега нема конкретна реакција на првите луѓе на Тотенхем кои претходно објавија дека имаат доверба во менаџерот.
Author: dino
Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тиаго, призна дека сака да го исполни детскиот сон и да игра за Бразил. „Тоа е неверојатно возбудливо чувство. Навистина се надевам дека ќе бидам дел од Светското првенство во 2026 година. Отсекогаш сонував да играм на ваков форум“ – рече напаѓачот. „ Го гледав само на телевизија, но сега сум блиску до тоа самиот да го доживеам. Бог има план за животот на секој човек. Ако тоа е Божја волја тогаш претставувањето на мојата земја ќе биде задоволство и чест“ – изјави Тиаго.
Медиумите во САД наведуваат дека ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Портланд закажан во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Познато е дека интренационалецот од Словенија се соочи со повреда на препоните уште пред мечот со Сакраменто одигран на 13-ти јануари. 26-годишниот поентер досега одигра 32 натпревари во сезоната со просек од 33,6 поени, 7,7 скока и 8,7 асистенции.
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, на отвореното првенство на Австралија ќе се обиде да ја освои 25-та грен слем титула. „Мислам, се надевам дека ќе ја стигнам, но 24 не е лоша бројка. Морам да го ценам тоа и да се потсетам на неверојатната кариера што ја имав. Очигледно, секогаш има притисок и очекувања“ – вели Ѓоковиќ. „Знам дека кога сум здрав, кога можам да ги составам сите парчиња од сложувалката во даден ден, чувствувам дека можам да победам секого. Да немав таква верба и „дефинитивно немаше да бидам тука“ – изјави тенисерот од Србија.
Нашето репрезентативно крило, Никола Костески, пред утрешниот меч со Данска, се насочи кон настаните што не очекуваат на Европското првенство. „Имаме тешка група, првиот меч ни е со Данска а најзначајниот дел ќе ни бидат дуелите со Португалија и Романија. Сакаме да ја пројдеме групата и мислам дека нашиот тим знае како да игра проти тешки ривали“ – рече Костески. „Не смееме да се откажеме и мора да се покажеме во најдобро светло. Треба да покажеме што знаеме и со Данска како увертира за мечевите со Португалија и Романија“ – изјави Костески.
„Данска ја знаеме сите ѝ нема што да се зборува посебно за неа“, изјави нашиот млад репрезентативец, Дамјан Митев, пред стартот на Европското ракометно првенство во Скaндинавија. „Одиме максимално да играме и со Португалија и со Романија. Чувството е одлично, мора да го дадеме нашиот максимум затоа што се работи за Европско првенство. Нема да се штедиме“ – изјави Дамјан Митев. Данска и Македонија ќе се сретнат утре во Хернинг а мечот ќе започне во 20.30 часот. Ќе го судат браќата близнаци од Молдавија, Игор и Алексеи Ковалчиус.
Кристијан Стелини кој е дел од тренерскиот штаб на Наполи, се осврна на вчерашното ремито со Парма во меч од Серија „А“. „Немавме среќа бидејќи од толку многу ситуации за пенал во ниту една од нив не го погодивме вистинскиот момент. Не треба да бидемe разочарани“ – рече Стелини. „Мораме да останеме смирени и да работиме на менталитетот на играчите и на целиот тим. Имаме неколку повредени фудбалери и тоа влијае на играта“ – рече Стелини.
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, имаше пофални зборови за Франческо Еспозито, кој со голот против Лече донесе значајни бодови за неговиот тим во трката за титулата. „Го познавам многу добро, неговото семејство, неговата амбиција, неговата работа во младинската академија. Тој беше мој капитен во тимот на Интер Примавера и среќен сум за него“ – рече Романецот. „Сè е релативно, не морам да ги оправдувам моите избори. Ги донесувам одлуките врз основа на моето искуство и тоа што го гледам на тренинзите“ – нагласи Киву.
Фудбалерот на Вулверхемптон, Жоао Гомес, речиси сигурно ќе ги напушти „волците“ во наредниот трансфер период наведуваат дел од медиумите во Англија. Според нив, тој се наоѓа на радарот на клубови од Шпанија, Италија и Премиер-лигата. Тука во преден план се наметнува Манчестер Јунајтед, кој најави дека сериозно размислува да испрати понуда за одличниот Бразилец. 24-годишниот фудбалер во сезонава се појави на 20 натпревари во елитата на Англија.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ја оцени победата на теренот на Челзи во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија. „Бев импресиониран од Арсенал како го одигра целиот натпревар на гостински терен против квалитетен тим одсекој аспект.“ – рече Артета. „Доминиравме, постигнавме три гола и имавме уште две шанси. Вториот гол на Челзи малку го промени натпреварот но, генерално сум многу задоволен“ – нагласи тренерот на „топчиите“.
