Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, на отвореното првенство на Австралија ќе се обиде да ја освои 25-та грен слем титула.
„Мислам, се надевам дека ќе ја стигнам, но 24 не е лоша бројка. Морам да го ценам тоа и да се потсетам на неверојатната кариера што ја имав. Очигледно, секогаш има притисок и очекувања“ – вели Ѓоковиќ.
„Знам дека кога сум здрав, кога можам да ги составам сите парчиња од сложувалката во даден ден, чувствувам дека можам да победам секого. Да немав таква верба и „дефинитивно немаше да бидам тука“ – изјави тенисерот од Србија.

