Ѕвездата на Далас, Ентони Дејвис, не можеше да го заврши натпреварот против Јута поради повреда на раката што ја заработи кон крајот на четвртата четвртина. Тој се повлече од теренот на две минути пред крајот на натпреварот. До тој миг имаше 21 поен, 11 скока и четири асистенции. Поради разни повреди, поентерот одигра само 18 натпревари во сезонава со просек од 20,4 поени и 10,8 скока.
Author: dino
Луѓето од Манчестер Јунајтед упатиле формална понуда од 90 милиони евра за крилниот фудбалер на РБ Лајпциг, Јан Диоманде но, неговиот тим нема намера да го пушти да си оди на средина од сезоната. Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска кој има активен договор до 2030 година, во тековнава сезона постигна четири голови и направи седум асистенции. Неговата вредност на трансфер-пазарот се движи околу 40 милиони евра.
Лондонскиот фудбалски состав Челзи нема намера да се откаже од идејата да го ангажира младиот фудбалер на Барселона, Фермин Лопез. Според медиумите во Англија, „сините“ размислуваат да дадат нова понуда откако во изминатото лето не најдоа заеднички јазик со Каталонците. Одредени извори наведуваат дека луѓето од „Стемфорд Бриџ“ подготвиле 150 милиони евра за Фермин и напаѓачот на Милан, Рафаел Леао.
Центарот на Реал Мадрид, Еди Тавареш, испиша историја во Евролигата станувајќи лидер по бројот на скокови. Кошаркарот на „кралевите“ имаше 11-ет освоени топки под обрачите на мечот против Макаби Тел Авив и дојде до бројката од 2.016 со што го надмина рекордот на легендата на Жалгирис, Паулиус Јанкунас (2.010). На 33-годишниот центар му беа потребни 297 натпревари за да стигне до врвот на листата со просек од 6,8 скокови по натпревар.
Новајлијата на „Маверикс“, Купер Флег, разговараше за можноста за учество во натпреварот во забивања за време на викендот на Ол-стар во НБА . „Слушајте, јас сум повеќе љубител на играта, не сум сигурен како ќе заврши ова. Којзнае, никогаш не вели никогаш, но, не сум сигурен дали навистина можам да се натпреварувам“ – рече Флег. „Натпревар за поентери? Имаме подобри кандидати во нашиот тим“, вели првиот избор на драфтот во 2025 година.
Ѕвездата на кошаркарскиот состав Далас, Кајри Ирвинг, нема да се појави на теренот наскоро, наведе, Тим Мекмахон. „Кајри нема да се врати пред крајниот рок. Не знам дали воопшто ќе игра оваа сезона. Знам дека сака но, ќе видиме“, сподели новинарот. Ирвинг се опоравува од скинат лигамент на левото колено и веројатно ќе го пропушти плејофот на крајот на сезоната.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, се насочи кон моменталната ситуација во клубот кој остана без менаџер откако Рубен Аморим заработи отказ. „Луј ван Гал имаше негова филозофија. Жозе Мурињо одреден стил . Дејвид Мојс го прави истото. Ерик тен Хаг и Рубен Аморим не се вклопија во Манчестер Јунајтед“ – рече Невил. „Клубот мора да преземе ризици и да пронајде тренер кој ќе наметне агресивен, напаѓачки и атрактивен фудбал“ – рече некогашниот играч на „црвените ѓаволи“.
Напаѓачот на Борнмаут, Антоан Семењо, ќе го одигра утрешниот меч против Тотенхем во Премиер-лигата по што ќе се пресели во редовите на Манчестер Сити, објави весникот – Атлетик“. „Црешите“ и Сити се договорија за трансфер во јануарскиот преоден рок но, „граѓаните“ му дозволија на црномурестиот фудбалер да одигра уште неколку мечеви пред да замине на „Етихад“. Манчестер Сити за интернационалецот од Гана ќе плати 65 милиони фунти во наредните три години.
Јарослава Магуч, се наврати на времето кога успеа да го собори 37-годишниот светски рекорд во скок во височина на Стефка Костадинова откако прескокна 2,10 метри на Дијамантската лига во Париз во 2024 година. „Уште од детството имав сон – да поставам светски рекорд. Но, имаше стотици, ако не и илјадници деца како мене. Сите сонувавме и совладувавме одреден пат до целта“ – рече Украинката. „Некаде внатре во себе знаев дека рекордот ќе биде мој. Го знаев тоа кога првпат се појавив на 11-годишна возраст“ – рече атлетичарката.
Фудбалерот на Парма, Матео Пелегрино, може да биде трансферна цел на Јувентус во текот на јануарскиот преоден рок. Според анализата, „старата дама“ сака да го засили нападот со класичен центарфор а изборот паднал на корпулентиот играч на „млекарите“. „Тутоспорт“ објави дека луѓето од Торино се расположени да започнат преговори за Пелегрино иако Парма за неговиот потпис бара 30 милиони евра.
