Јарослава Магуч, се наврати на времето кога успеа да го собори 37-годишниот светски рекорд во скок во височина на Стефка Костадинова откако прескокна 2,10 метри на Дијамантската лига во Париз во 2024 година.
„Уште од детството имав сон – да поставам светски рекорд. Но, имаше стотици, ако не и илјадници деца како мене. Сите сонувавме и совладувавме одреден пат до целта“ – рече Украинката.
„Некаде внатре во себе знаев дека рекордот ќе биде мој. Го знаев тоа кога првпат се појавив на 11-годишна возраст“ – рече атлетичарката.

