Екипата на Наполи размислува да се вклучи во трката за потписот на фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, објавија денеска медиумите во Италија. Шампионот на „Чизмата“ сака да го ангажира напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната иако „црвените“, инсистираат на перманентен трансфер. Деновиве се појави вест дека 28-годишниот фудбалер влегува и во радарот на Јувентус кој е расположен да ги исполни сите услови.
Author: dino
Сопственикот на Њујорк, Џејмс Долан, изјави дека не знае ништо за можните разговори за размена на ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо. „Ни се допаѓа нашиот тим во моментов. Момците имаат одлична хемија. Никогаш не сум видел пообединета соблекувална“ – рече Долан. „Има многу енергија. Не гледам дека ќе направиме некои големи промени во сегашниот состав. Може да го освои првенството“ – рече Долан.
Дејвид Аделман има пофалби за кошаркарот на Филаделфија, БЏ Екомбо кој беше избран како трет пик на НБА драфтот во 2025 година. „Неговиот атлетизам, брзина и натпреварувачки дух. Сето тоа е подигнато на сосема ново ниво“ – рече Аделман. „Многу момци се платени за нивниот кошаркарски талент но, има и такви кои навистина ја сакаат играта. Тој е еден од нив“ – заклучи главниот тренер на Денвер.
Кошаркарскиот состав на Баерн Минхен го претстави преку социјалните мрежи нашиот Ненад Димитријевиќ кој по раскинувањето на договорот со Зенит Санкт Петербург се пресели во Германија. „Со Нено секако дека го засилуваме постоечкиот ростер, кој што е погоден од многу повреди. Особено на неговата позиција. Тој има одлично портфолио со искуство на играње во Шпанија, Италија “ – изјави Драган Тарлаќ, спортскиот директор на Баерн. Нашиот репрезентативец претходно настапуваше и за Олимпија Милано, Хувентуд, Валенсија и Уникс Казан.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, беше присутен на последниот тренинг на нашите ракометари пред заминувањето на ЕП во друштво со првиот човек на РФМ Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски.Ристовски им посака среќа и успешни настапи на ракометарите на континенталниот собир. Нашата експедиција в среда рано наутро заминува за Швајцарија каде ќе учествува на подогтвителниот турнир – „Јелоу Куп“ .Македонија на ЕП на 16 јануари ќе игра со Данска со почеток во 20.30 часот во Хернинг. РФМ во соработка со Министерството за спорт за секоја победа ќе ги награди ракометарите со 2 милиони денари. Истата сума ќе ја добијат…
Рубен Аморим кој доби отказ денес од раководството на Манчестер Јунајтед за време на неговиот престој на клупата на тимот од „Олд Трафорд“ победи на 24 од своите 63 натпревари на кои го водеше Манчестер Јунајтед. Португалскиот тренер беше на чело на тимот на 63 натпревари, од кои победи на 24. Тој исто така забележа 18 нерешени и 21 пораз. Тимот победил во 38,1% од своите натпревари под водство на Аморим, со гол-разлика од 122 наспроти 114. Само во Премиер лигата, Аморим победил во 31,1% од своите натпревари.
Екипата на Вардар продолжува да работи на задржување на постоечкиот ростер на играчи со тоа што потпиша нов договор со Димитар Тодоровски. Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство. На зедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, страните ја обновија соработката и потпишаа нов договор до јуни 2028 година. 23-годишникот дојде во Вардар од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Работнички.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, по ремито на теренот на Фулам, вели дека неговиот тим многу често прима голови во завршните моменти на натпреварите. „Тоа ни се случува со месеци. Единствената шанса што ја има противникот ја претвора во гол. Главно тоа се случува во завршницата“ – рече тренерот на „црвените“. „Со еден напаѓач против Фулам не знам дали можете да очекувате од нас да создаваме шанси. Мислам дека имавме доволно“ – беа зборовите на Слот.
Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Рубен Аморим од функцијата менаџер на првиот тим. Ова го објави добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Дејвид Орнштајн од „Атлетик“ ја сподели истата информација. Според Романо, челниците на „Ѓаволите“ одлучиле да го отпуштат Аморим утрово. Орнштајн забележува дека поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, ќе ја преземе функцијата привремен менаџер. Рубен Аморим се приклучи на Манчестер Јунајтед во ноември 2024 година. Претходно тој го водеше Спортинг Лисабон, со кого го освои португалското првенство.
Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, упати критики до неговите избраници по вчерашниот пораз од Наполи во дербито на серија „А“. „Поразот се должи на фактот дека Наполи е посилен тим од нас. Имавме лошо прво полувреме и сигурно можевме да играме подобро“ – рече Сари. „Кога се соочувате со толку напаѓачки бекови, тоа е проблем за секој тим. Центаршутот за првиот гол беше бавен и лесен за предвидување. Направивме неколку грешки“ – нагласи тренерот на „римските орли“.
