Центарот на Денвер, Јонас Валанчиунас, заработи повреда на мечот со Торонто. Неговата состојба ќе биде повторно евалуирана за четири недели . Тој го напушти теренот на четири минути до крајот на третата четвртина. До тој миг имаше 17 поени и девет скокови. Валанчиунас го заменува Никола Јокиќ кој има проблеми со левото колено. Нагетсите имаат уште тројца повредени стартери: Арон Гордон, Кристијан Браун и Кам Џонсон.
Author: dino
Кошаркарот на Далас, Ентони Дејвис, би можел да биде продаден во наредниот период. Тој во изминатата година ја започна кариерата во Лејкерси но подоцна беше купен од Мавси во познатиот договор со Лука Дончиќ. Сега се најавува дека поентерот ќе го промени тимот и дека Атланта се наметнува како фаворит во трката за неговиот потпис. Во меѓувреме и Торонто, Детроит и Голден Стејт, покажуваат дека се заинтересирани за Дејвис.
Главниот тренер на фубалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, беше задоволен од победата на домашен терен против Џенова во 17-то коло од првенството во Серија А. „Создадовме многу шанси и бевме опасни. Штета што не можевме да ги искористиме во второто полувреме. Рома нема играчи со толку висок квалитет“ – рече тренерот на „римската волчица“. „Кога е во форма, игра на Дибала се развива на еден начин. Но, дури и половина од неговиот потенцијал е доволен, треба да игра“ – нагласи Гасперини.
Џанфранко Ѕола, поранешниот играч на Челзи, Наполи, Парма и Каљари, се насочи кон збиднувањата во серија „А“ во тековнава сезона. „Најсилниот тим, дури и за малку, е Интер. Но, јас сум романтичар и ќе кажам, Наполи, за сè што тимот претставува во мојата кариера. Мојот дедо е роден таму и многу сум добил од градот“ – рече Ѕола. „Кои се луѓето на годината? Можам да кажам Антонио Конте но, не смееме да го заборавиме Де Лаурентис. Можам да го кажам и Бепе Марота, кој докажа дека е број 1. Тука секако е Кристијан Киву – тоа беше избор на претседателот…
Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, нема да брзаат со продажбата на напаѓачот, Џошуа Зиркзе, откако е утврдено дека тимот од стадионот – „Олд Трафорд“ има проблеми во навалниот ред. Имено, Рубен Аморим се соочува неколку повредени фудбалери како и со отсуството на неколку првотимци кои учествуваат на „Африкански куп на нации“. Тука се потенцираа Амад Дијало и Брајан Мбемо. Во меѓувреме се појавија информации дека италијанската Рома е заинтересирана да го ангажира Холанѓанецот во текот на зимскиот преоден рок.
Фудбалскиот состав Ливерпул се раздели со тренерот, Арон Бригс, кој беше задолжен да ги планира акциите кога играта е во прекин . Во сезонава, „црвените“ се убедливо најслабиот состав кога станува збор за примени голови по прекини, слбодни удари или корнери. Бригс кој беше дел Манчестер Сити, се пресели на „Енфилд“ во јули 2024 година како нов тренер за индивидуален развој. Тој има работено во Волфсбург и во Монако како тренер за тактичка анализа и како раководител на методологијата на фудбалот.
Колумнистот, Бил Симонс, понуди интересен начин за зголемување на интересот за кошаркарската НБА лига. „Како да ја направиме лигата позабавна? Имаме тим (Лејкерси) за кој никој не е среќен и тим (Воините) кој изгледа мртов. Ајде да го замениме Леброн за Џими Батлер. Тоа би бил договор „за доброто на спортот“. Само би ги направил работите позабавни“ – рече Симонс. „Замислете ако го ставите Леброн во тим со Кари… а Батлер веројатно подобро би се вклопил со Лука (Дончиќ) и Ривс во секој случај“ – рече Симонс.
Главниот тренер на кошаркарите на Бруклин, Жорди Фернандез, објасни што беше клучно за дефанзивната трансформација на тимот. „Мислам дека големината е значајна на секоја позиција. Кога го преместивме Ноа во почетната постава и Портер во тројката, тоа навистина промени сè. “ – рече Фернандез. „Не е лесно да се имаат долги тренинзи во НБА, натпреварите доаѓаат еден по друг. Момците не се жалеа и вредно работеа на одбранбените шеми“ – рече тренерот на Бруклин.
Фудбалскиот клуб Вардар, денеска одржа комеморативна седница во чест на легендарниот Васил Рингов, кој по кратко боледување почина во 70. година од животот. „Васил Рингов беше пред се човек со карактер и вредност какви ретко се среќаваат. Тој е наша ѕвезда која замина од овој свет без ниту еден непријател“ – рече извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски. На комеморацијата беше објавено дека клубот одлучил да го повлече дресот со број единаесет што го носеше Рингов и дека биде поднесена иницијатива јужната трибина на градскиот стадион во Скопје да го носи името на легендарниот струмичанец.
Главниот тренер на кошаркарите на Минесота, Крис Финч, го коментираше поразот на домашен терен од екипата на Бруклин. Тој ја призна супериорност на противникот во сите компоненти и ги посочи критичните грешки на својот тим. „Не бевме во најдобрата форма. Не победија во секој аспект од играта и го заслуживме овој резултат. Промашивме 23 шутеви од под кошот. Мора да бидете способни да ја ставите топката во обрачот“ – рече тренерот.„Бруклин има високи, агилни бекови а нивната клупа дефинитивно ја надигра нашата“ – беа заборовите на Финч.
