Колумнистот, Бил Симонс, понуди интересен начин за зголемување на интересот за кошаркарската НБА лига.
„Како да ја направиме лигата позабавна? Имаме тим (Лејкерси) за кој никој не е среќен и тим (Воините) кој изгледа мртов. Ајде да го замениме Леброн за Џими Батлер. Тоа би бил договор „за доброто на спортот“. Само би ги направил работите позабавни“ – рече Симонс.
„Замислете ако го ставите Леброн во тим со Кари… а Батлер веројатно подобро би се вклопил со Лука (Дончиќ) и Ривс во секој случај“ – рече Симонс.

