Author: dino

Францускиот возач, Пјер Гасли, склучил договор со кошаркарскиот состав Вилербан и станал нов малцински акционер, наведуваат дел од медиумите. Тој потег се наметна како неопходен за финансиска поддршка на клубот. Новиот инвеститор во францускиот состав е всушност мала група на приватни лица од кои најистакнат е францускиот возач на Формула 1, Пјер Гасли. Вилербан во сезонава се соочи со финансиски потешкотии а Евролигата го казни за неисполнување на обврските за минимална плата.

Read More

Австриецот, Марко Шварц, ја забележа првата победа во супер-велеслаломот од Светскиот куп во алпско скијање откако триумфираше на неговата дебитантска трка во италијанското зимско одморалиште Ливињо. Второто место му припадна на Алекс Моне од Швајцарија додека третото на подиумот го пополни светскиот шампион во спуст, Фрањо фон Алмен (Швајцарија). Марко Одермат, лидерот во трката за малиот кристален глобус во супер- џи, заврши позади водечката тројка. Швајцарецот сепак останува на чело во генералниот пласман во Светскиот куп пред Марко Шварц и Лоик Мелард од Швајцарија.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан имаат намера да го ангажираат Душан Влаховиќ како слободен играч откако ќе му истече договорот со Јувентус. Србинот во наредното лето ќе ја заврши соработката со „старата дама“ а „росонерите“ сакаат да го договорат уште во јануари. Влаховиќ во сезонава одигра 13 натпревари на кои забележа само три гола.

Read More

Ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз, постави одредени услови за да потпише нов договор со клубот. Тековниот му е валиден до јуни 2029 година но, „старата дама“ сака да го задржи на подолг период со нови подобрени услови. Младиот фудбалер од Турција сака да биде најплатениот играч. Тој заработува 1,7 милиони евра а екипата од Торино е подготвена да му понуди околу 5 милиони плус бонуси.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, посочи дека младиот фудбалер, Коби Мајно, треба да биде трпелив и да ја чека вистинската шанса. „Коби ќе биде иднината на Манчестер Јунајтед. Тој само треба да почека, сè може да се промени во фудбалот за два дена“ – беа зборовите на Португалецот. Во меѓувреме се појавија шпекулации дека фудбалерот од средниот сака да замине на позајмица во друг состав за да добие поголема минутажа.

Read More

Дефанзивецот на Њукасл, Ден Берн, призна дека го мрази Ливерпул уште од 90-тите години. „Како навивач на Њукасл, развив не само почит кон нив бидејќи имаме слични градови со работничка класа, туку и омраза, бидејќи се добри, нели? Тие постојано победуваат“ – рече Берн. „Мора да им се оддаде признание. Ван Дајк дојде кај нас и ни честиташе. Веројатно знаеја тој ден дека ќе изгубат“ – рече Берн алудирајќи на триумфот на Њукасл против „црвените“ во годинешново финале на Лига Купот.

Read More

Басконија го продолжи договорот со бекот Коби Симонс до крајот на сезоната 2025-26. 28-годишниот кошаркар се согласи да остане во екипата откако му беа исполнети одредени услови. Тој во Евролигата одигра 13 натпревари со просек од 9,5 поени и 3,2 асистенции и беше еден од најдобрите во екипата. Во шпанското првенство, американскиот кошаркар учествуваше во 7 натпревари и имаше просек од 11,7 поени, 3,1 скока и 2,6 успешни додавања.

Read More
NBA

Поентерот на Денвер, Камерон Џонсон, ќе отсуствува од терените најмалку од 4 до 6 недели, објавија дел од медиумите во САД. Тој заработи повреда на коленото на мечот со Далас. „Нагетси“ во моментов  се без тројца стартери бидејќи надвор од игра се и Арон Гордон и Кристијан Браун. Џонсон пред да се повреди одигра 28 натпревари со просек од 11,7 поени, 3,6 скока и 2,4 асистенции.

Read More
NBA

Ѕвездата на кошаркарскиот состав Далас, Ентони Дејвис, поради повреда во делот на препоните, не беше во можност да го продолжи натпреварот против Голден Стејт. Тој во втората четвртина се обиде да истрча брзо на полето на противникот но, нагло застана и со видлива потешкотија во одењето се упати кон клупата. Главниот тренер на тимот, Џејсон Кид, по мечот одби да коментира за состојбата на Дејвис.

Read More

„Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!“ – со потсетување на легендарната фраза на Васил Рингов, популарната навивачка група – „Комити“ се прости од миленикот на љубителите на фудбалот не само во Македонија туку и пошироко на Балканот. -Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став додека многумина стоеа на страна, од големиот Васил Рингов! -Изразуваме сочувство до семејството и пријателите, до целата црвено-црна јавност, затоа што оваа болка е заедничка! Ние не забораваме, вечно…

Read More