„Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!“ – со потсетување на легендарната фраза на Васил Рингов, популарната навивачка група – „Комити“ се прости од миленикот на љубителите на фудбалот не само во Македонија туку и пошироко на Балканот.
-Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став додека многумина стоеа на страна, од големиот Васил Рингов!
-Изразуваме сочувство до семејството и пријателите, до целата црвено-црна јавност, затоа што оваа болка е заедничка! Ние не забораваме, вечно ќе се помни Ринговата мајсторија! – стои во објавата на „Комити“ на социјалните мрежи.

