Австриецот, Марко Шварц, ја забележа првата победа во супер-велеслаломот од Светскиот куп во алпско скијање откако триумфираше на неговата дебитантска трка во италијанското зимско одморалиште Ливињо.
Второто место му припадна на Алекс Моне од Швајцарија додека третото на подиумот го пополни светскиот шампион во спуст, Фрањо фон Алмен (Швајцарија). Марко Одермат, лидерот во трката за малиот кристален глобус во супер- џи, заврши позади водечката тројка.
Швајцарецот сепак останува на чело во генералниот пласман во Светскиот куп пред Марко Шварц и Лоик Мелард од Швајцарија.

