Author: dino

Поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар, Андон Дончевски, преку медиумите се прости од едно од најголемите фудбалски имиња во нашава земја, Васил Рингов, кој почина вчера на 70-годишна возраст. – Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер а тој како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут. -Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува…

Read More

По смртта на легендарниот вардаров фудбалер и поранешен наш репрезентативец, Васил Рингов, на социјалните мрежи реагираше неговиот некогашен соиграч, Чеде Јаневски. „Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за средба со Рингов и останатите вардарци“ -објави Јаневски „Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред се до неговата фамилија, нека почива во мир“, напиша Чеде Јаневски, некогашниот соиграч на Васе Рингов од деновите минати во Вардар.

Read More

Фудбалерот на Лацио, Нуно Тавареш, веројатно ќе си замине од Италија. Според најавите во дел од медиумите, за неговиот потпис е заинтересиран тимот на Ал-Итихад. Саудискиот клуб започнал преговори за португалскиот бек кој не е редовен стартер од почетокот на сезоната. Тавареш би се преселил во Саудиска Арабија без никакво двоумење а Лацио е отворен за продажба во јануарскиот преоден рок.

Read More

Манчестер Сити влегува во напредна фаза од преговорите со напаѓачот на Борнмаут, Антоан Семењо, објавија дел од медиумите во Англија. 25-годишниот интернационалец од Гана има одлични настапи во континуитет и затоа го привлече вниманието на фудбалските гиганти од Европа. Договорот на Семењо вклучува клаузула за ослободување во вредност од 65 милиони фунти која важи до 10 јануари. Манчестер Сити ќе се обиде да издејствува да ја плати на рати.

Read More

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Џордан Лојд, поради болест не се појави на мечот од 18-то коло на Евролигата против францускиот Вилербан. Тоа беше дополнителeн проблем за тренерот, Пабло Ласо, кој се соочува со многу повредени играчи во ростерот. На списокот се лидерот на екипата, Шеј Ларкин, центарот Георгиос Папајанис, бекот П.Џ. Дозер и младиот поентер Бурак Јилдизли. Во таква ситуација турскиот тим можеби и очекувано загуби на вчерашното гостување кај Лион Вилербан.

Read More
NBA

Легендарниот, Леброн Џејмс, негира дека намерно ја одржува неговата рекордна серија од 1.297 натпревари со најмалку 10 постигнати кошеви. „Никогаш не влегов во таа серија мислејќи: „Добро, треба да постигнам 10 поени. Треба да ја продолжам серијата. Тоа би било неправедно кон мојот стил на игра“- нагласи Џејмс. „Гледајте, постигнав многу неверојатни работи во мојата кариера. И да имам ваква серија, да бидам покрај великаните, да го остварам својот сон – тоа е нереално за мене“ – рече играчот на Лејкерси.

Read More
NBA

Кошаркарот на Сакраменто, Киган Мареј, не можеше да го одигра второто полувреме од натпреварот против Детроит. 25-годишниот поентер има проблем со листот на десната нога. Играчот се повреди во втората четвртина откако лошо падна по обид да изблокира шут на противничкиот играч. Мареј имаше 2 поени (1 од 4 од поле), 1 скок, 1 асистенција, 1 украдена топка и 2 блокади за 20 минути поминати на теренот.

Read More

Првиот човек на мак-фудбалот, Масар Омерагиќ, се осврна на промоцијата на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата. „Дојдовме до заклучок дека на репрезентацијата и треба нова енергија за да го оствариме пласманот на Светското првенство. За нас учеството во баражот е успех, имавме и подобри шанси додека беа мечевите во квалификациите, но таков е фудбалот, понекогаш носи радости, некогаш и разочарувања“ – рече Омерагиќ. „Дали веруваме дека можеме да ја поминеме Данска? Ако не верувавме, немаше да ги правиме овие чекори. За тие што не веруваат дека можеме да ја поминеме Данска подобро да не се качуваат во авионот. Ние…

Read More

Гоце Седлоски денеска беше промовиран како нов селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација. „За мене ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува репрезентацијата. Моја цел ќе биде да изградиме систем и селекција што ќе се бори за секоја топка и ќе го дава максимумот“ – рече Седлоски. „Верувам во квалитетот на фудбалерите, во желбата да го носат македонскиот дрес и достојно да не претставуваат на највисоко ниво“ – изјави Седлоски кој ќе дебитира на клупата во март кога Македонија ќе гостува кај Данска во Копенхаген во баражот за…

Read More

Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, пристигна во Италија за да ги помине медицинските прегледи пред да го финализира трансферот во Милан. Вчера беше наведено дека  лондончани ќе го позајмат 32-годишниот напаѓач до крајот на сезоната со опција за откуп. Доколку тестовите бидат успешни, голгетерот во текот на денов ќе стане играч на „росонерите“.

Read More