Легендарниот, Леброн Џејмс, негира дека намерно ја одржува неговата рекордна серија од 1.297 натпревари со најмалку 10 постигнати кошеви.
„Никогаш не влегов во таа серија мислејќи: „Добро, треба да постигнам 10 поени. Треба да ја продолжам серијата. Тоа би било неправедно кон мојот стил на игра“- нагласи Џејмс.
„Гледајте, постигнав многу неверојатни работи во мојата кариера. И да имам ваква серија, да бидам покрај великаните, да го остварам својот сон – тоа е нереално за мене“ – рече играчот на Лејкерси.

