Author: dino

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно, е трансферна желба на Вест Хем и на Евертон кои сакаат да го ангажираат на позајмица до крајот на сезоната. 20-годишникот во сезонава одигра само 11 натпревари во Премиер лигата и тоа на сите влезе од клупата. „Карамелите“ и „Чеканите“ се подготвени да го привлечат Мајно кој исто така сака да си замине бидејќи ја нема посакуваната минутажа.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, не коментираше за иднината на напаѓачот, Никлас Филкруг, иако се појавија шпекулации дека голгетерот може да се активира во Милан во текот на зимскиот трансфер период. Германецот откако ги пропушти последните три натпревари во Премиер лигата, сега се врати во тренинг процес. Тој ќе му биде достапен на Санто за саботното дерби со Манчестер Сити. Филкруг беше купен од Борусија Дортмунд во 2024 година. На 29 мечеви има само три гола што е далеку под очекувањата.

Read More

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, изрази сомнежи дека поранешниот напаѓач на клубот, Џакомо Распадори, ќе се врати во Серија А во јануари за да му се приклучи на тимот на Рома. „Што се однесува до Распадори, мислам дека нема да го напушти Атлетико Мадрид. Џакомо ни даде толку колку што ние му дадовме нему. Ромелу Лукаку сè уште не е подготвен “ – рече Мана. „Никогаш не сме имале никакви внатрешни проблеми. Напротив, секогаш сме биле компактни и обединети“ – рече Мана.

Read More

Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, инсистираше дека неговиот тим сè уште има победнички дух иако во претходната сезона не успеа да освои ниту еден трофеј. „Многу сум самокритичен, но оваа сезона досега беше добра и резултатите го покажуваат тоа. Не обрнуваме многу внимание на критиките за нашите перформанси во големите натпревари“ – рече играчот на „нероаѕурите“. „Не беше лесно да се рестартираме по изминатата сезона, но тренерот многу ни помогна да ја вратиме самодовербата и желбата за борба. Среќен сум тука и веројатно ќе останам во Интер“ – потенцираше Бастони.

Read More

Тимот на Ауди кој ќе се активира во Формула 1, планира на 20 јануари да ја открие шемата на бои што ќе ја користи во дебитантската сезона под името Ауди Револт Ф1. Германците во изминатиот месец покажаа концептуална шема на бои на специјален настан во Минхен за да го одбележат влегувањето на брендот во Формула 1. Церемонијалот кој следува го најави лидерот на проектот, Матија Биното, кој претходно работеше во Ферари.

Read More

Организаторите на Формула 1  објавија дека Големата награда на Португалија ќе се врати во календарот со двегодишен договор за 2027 и 2028 година. Трките ќе се одржат во Портимао кој  беше домаќин во текот на пандемиските сезони 2020 и 2021 година кога Луис Хамилтон ја оствари рекордната 92-ра победа со што го истисна Михаел Шумахер од врвот на листата.  Големата награда на Португалија ќе го заземе местото на трката во Зандворт откако Холанѓаните објавија дека ќе се повлечат на крајот на 2026 година.

Read More

Откако менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, јавно проговори дека нема поддршка од првите луѓе на тимот, со реакција се јави легендарниот Џејми Карагер. „Јас сум голем обожавател на Мареска но, се чини дека се води борба за моќ и тоа никогаш не носи ништо добро особено за менаџер. Мислам дека Мареска нема да биде во Челзи во наредната сезона“ – рече Карагер. „ Не ми се допаѓа кога некој -без разлика дали е тренер или играч ги изнесува работите јавно“ – рече Карагер.

Read More
NBA

Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, проговори за стил на игра на неговата екипа која обезбеди победа против Оклахома Сити во полуфиналето на НБА Купот. „Во модерната кошарка, гледаме многу стилови кои не нудат многу разновидност. Многу изолации. Понекогаш е малку наметнато“ – рече центарот. „Се обидуваме да понудиме стил на игра кој понекогаш може да се гледа како малку старомоден“ – рече Французинот.

Read More
NBA

Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард, изјави дека не бил свесен за одлуката на тимот да го отпушти ветеранот Крис Пол. „Ме изненади. Во нашите разговори тој секогаш беше готов да помогне. Tие секогаш беа позитивни и насочени кон доброто на тимот“- нагласи Ленард. „Немав никаква врска со одлуката. Дури и не знаев што се случува. Тој секогаш беше тука“ – рече Леонард.

Read More

Осум руски биатлонци поднесоа жалби до Арбитражниот суд за спорт во Лозана против Меѓународниот сојуз за биатлон (IBU) поради забраната за учество на руските спортисти на меѓународни натпревари. КАС потврди дека Анастасија Багијан, Станислав Чоклаев, Савелиј Коновалов, Владислав Лекомцев, Јулија Микеева, Елизавета Фролова, Евгениј Сидоров и Викторија Сливко се потпишани на жалбата. Руските спортисти беа суспендирани од Меѓународната унија за биатлон во март 2022 година.

Read More