Author: dino

Кошаркарот од САД, Монти Морис, кој има играно за шест екипи во НБА лигата, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Олимпијакос. Триесетгодишниот плејмејкер пристигна во Грција и веднаш реализираше средба со медиумите. „Подготвен сум да дадам сè од мене за тимот. Тренерот Барцокас ми рече да дојдам и да го играм мојот вид кошарка. Моја работа е да му помогнам на тимот да победи“ – рече Морис.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се осврна на вчерашното реми против Бурнмаут 4:4 во 16-то коло во Премиер Лигата. „Многу сме разочарани. Беше луд натпревар. Можеби изгледа како да изгубивме два бода во второто полувреме но, мислам дека ги изгубивме во првото.“ – рече тренерот на „црвените ѓаволи“. „Доминиравме и создадовме многу шанси. На крајот, заслуживме повеќе. Се обидуваме да направиме најдобро што можеме“ – вели Аморим.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека дефанзивецот, Ден Берн, има потешка повреда и дека ќе мора да отсуствува подолг период од фудбалските терени. Играчот на „враните“ скрши ребро и се здоби со пункција на белите дробови кога доби удар од противничкиот играч, Норди Мукеле, на мечот со Сандерленд. Хау, објави дека централниот стопер на полувремето бил однесен во болница откако имал потешкотии со дишењето.

Read More

Луѓето од Јувентус размислуваат да испратат понуда до фудбалерот на РБ Лајпциг, Ксавер Шлагер, кој ја нема потребната минутажа во Бундес-лигата. „Старата дама“ има намера да го засили средниот ред и тука во комбинација го гледа 28-годишниот централен играч за врска. Австрискиот интернационалец може да стане слободен агент откако ќе му истече договорот на 30 јуни во 2026 година. Шлагер во тековнава сезона одигра скромни 10 мечеви и постигна само еден гол.

Read More

Главниот тренер на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, позитивно ја оцени вчерашната минимална победа против Комо во меч од 15-то коло во Серија А. „Секој тим се обидуваше да победи. Мислам дека беше најдобриот домашен натпревар што го одигравме во сезонава, затоа ми е мило што навивачите можеа да уживаат“ – рече Гасперини. „Во последниве неколку недели започнавме да создаваме многу повеќе шанси. Денеска бевме многу поопасни а победата можеше да биде поубедлива“ – рече Гасперини.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, по вчерашната победа против Џенова, вели дека измените помогнале да се освојат трите бода. „Промените се прават според нивото на енергија. Бони требаше да влезе но, потоа го избрав Турам. Го извадив Зиелински и го ставив Аканџи затоа што ни требаа двајца играчи од средниот ред“ – рече Киву. Интер засега е лидер на табелата со 33 бодови пред градскиот ривал Милан со 32 и екипата на Наполи која остана на 31 бод.

Read More

Фудбалерите на Наполи во текот на викендот загубија кај Удинезе минимално со 1-0 а нивниот тренер, Антонио Конте, не крие дека е разочаран од прикажаното. „Мора да играме добро дури и во тешки моменти. Не можеме да изгубиме храброст или да се откажеме“ – рече Конте. „Нема многу што да се каже. Сезонава нема да биде лесна. Важно е да бидеме обединети и да се соочиме со предизвиците“ – вели тренерот на Наполи.

Read More

Манчестер Јунајтед денеска на легендарниот стадион – „Олд Трафорд“ ќе му биде домаќин на Борнмут во натпревар од 16-то коло во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ ако победат ќе останат во трката за челните позиции што обезбедуваат излез во Европа во наредната сезона. Гостите пак, се наоѓаат на 14-то место или на релативно безбедно растојание од зоната за испаѓање.  Мечот ќе го суди Сајмон Хупер.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по триумфот кај Кристал Палас, вели дека е задоволен од способноста на играчите да го издржат притисокот и да ги реализираат шансите. „Многу работи сè уште треба да се подобрат. Гледам знаци дека сè уште не сме подготвени во однос на менталитетот и како треба да пристапиме“ – потенцираше Шпанецот. „Кога сте победиле, верувате дека сè било секогаш совршено, брилијантно и лесно“ – рече Гвардиола.

Read More

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, не се согласува дека Макс Верстапен бил на потребното ниво во штотуку завршената сезона. „Верстапен имаше силен настап во последните неколку трки но, не беше најдобар во целина. Ландо беше најдобар во средината на сезоната а Оскар во почетокот.“ – рече Монтоја. „Проблемот е што луѓето се сеќаваат само на последните резултати. Макс се покажа многу добро само во тие трки“ – вели Колумбиецот.

Read More