Луѓето од Јувентус размислуваат да испратат понуда до фудбалерот на РБ Лајпциг, Ксавер Шлагер, кој ја нема потребната минутажа во Бундес-лигата.
„Старата дама“ има намера да го засили средниот ред и тука во комбинација го гледа 28-годишниот централен играч за врска. Австрискиот интернационалец може да стане слободен агент откако ќе му истече договорот на 30 јуни во 2026 година.
Шлагер во тековнава сезона одигра скромни 10 мечеви и постигна само еден гол.

