Author: dino

Екипата на Милан конечно успеа да го раскине договорот со фудбалерот, Дивок Ориги, кој подолг период беше надвор од списокот но, добиваше плата од околу 300.000 евра месечно. Напаѓачот пристигна од Ливерпул во јули во 2022 година и запиша само 27 натпревари на кои постигна два гола. Потоа беше испратен на позајмица во Нотингем Форест. „Росонерите“ во обид да го принудат да си замине, го испратија во младинскиот тим но, 30-годишниот напаѓач не сакаше да се откаже од догoворот кој му беше валиден до летото во 2026 година.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Циркзе, изјави дека е подготвен да се приклучи на италијанскиот состав Рома бидејќи ја нема посакуваната минутажа кај „црвените ѓаволи“.   Претходно имаше вест дека „волчицата“ сака првично да го ангажира Холанѓанецот на позајмица за 5 милиони евра а потоа да му го откупи договорот за 30 милиони. 24-годишниот фудбалер во тековнава сезонава одигра 10 натпревари во Премиер лигата.

Read More

Кошаркарскиот состав Жалгирис има намера да ангажира висок играч под обрачите, објави – „БаскетЊуз“, повикувајќи се на извори во клубот. Литванците во континуитет имаат проблеми на центарската позиција и затоа сакаат да ангажират уште еден кошаркар. Информациите велат дека во преден план се наметнуваат кошаркари кои настапуваат во НБА и во Г-лигата во Соединетите Американски Држави

Read More
NBA

Играчот на Голден Стејт, Ал Хорфорд, би можел да се врати на теренот на натпреварот против Далас Маверикс кој е закажан за в четврток на Божиќ. Тоа го соопшти главниот тренер на „Вориорс“, Стив Кер. 39-годишниот ветеран поради проблеми со грбот ги пропушти последните седум натпревари на тимот. Хорфорд во сезонава се појави на само 13 мечеви и успеа да обезбеди просек од 5,6 поени и 4,4 скока.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, влезе во „клинч“ со главниот тренер, Стив Кер, на натпреварот против Орландо Меџик. На 8,5 минути до крајот на третата четвртина, Грин отиде во соблекувалната и не се врати на теренот. На социјалните мрежи се појави снимка на која се слуша дека има вербална расправија меѓу играчот и тренерот. Грин пред да си замине во соблекувалната имаше девет поени, седум скока и две асистенции.

Read More

Во Олимписката лабораторија за врвни спортски перформанси на Македонскиот олимписки комитет деновиве беа спроведени специјализирани тестирања на олимписките стипендисти: Дејан Георгиевски, Милијана Рељиќ, Душица Бреслиева, Дарио Ивановски, Ангел Петрушев и Анастасија Мојсовска кои се најсериозни македонски кандидати за учество на Олимписките игри Лос Анџелес 2028. Дополнително, во наредниот период ќе бидат тестирани Никола Ѓуретановиќ, Магомедгаџи Нуров и Владимир Егоров.Тестирањата опфаќаат мерења на основните моторички способности, морфолошко антропометриските карактеристики и физиолошки капацитети на најдобрите македонски спортисти во поединечните олимписки спортови.  Целта на овие мерења е да се добие аналитички прецизен профил за моменталните перформанси и да се изработат индивидуализирани тренажни програми…

Read More

Македонскиот олимпски комитет одржа Форум на спортисти посветен на „двојна кариера“ и успешна транзиција од спортските терени во деловен свет. Настанот беше отворен од страна на Генералниот секретар на МОК, г-дин Ѓорги Тасев и Раководителот на секторот за спорт, г-дин Петар Спасеновски. Тие во воведното обраќање истакнаа дека МОК има системска одговорност да се грижи за  своите спортисти и надвор од натпреварувачките терени. Централен дел на форумот беше панел-дискусијата „Живот надвор од терените: Патот на двојната кариeра“, каде што истакнати олимпијци, европски и државни шампиони ги споделија своите лични искуства за патот од спортскиот успех до деловната и општествената реализација.…

Read More

Фудбалерите на Шкендија испишаа историја откако обезбедија пласман во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот првак по големиот успех има загарантирани шест милиони евра а сумата може дополнително да се зголеми доколку се помине првата нокаут фаза во која за ривал ќе дојде полскиот Лех или турскиот Самсунспор. Екипата од под Шара ако успее да ја сконе првата пречка во елиминациите потоа ќе ја очекува дуел со шпанскиот, Рајо Валјекано или украинскиот, Шахтјор Доњецк.

Read More
NBA

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, на мечот против Орландо, го запиша својот 13-ти трипл-дабл во сезоната: 23 поени (10 од 17 од поле), 11 скока и 13 асистенции. Јокиќ сега има 5.667 асистенции што му овозможи да го надмине легендарниот, Карим Абдул-Џабар и да стане центар кој е рекордер во најсилната светска лига. Покрај тие двајцата во Топ 5 влегуваат и Вилд Чемберлен, Бил Расел и Алван Адамс.

Read More
NBA

Џејмс Харден, плејмејкерот на Лос Анџелес Клиперс кој играше на 25 од првите 26 натпревари од сезоната, мораше да го пропушти гостувањето кај Оклахома Сити поради проблем со листот на ногата. Ова е негово прво отсуство оваа сезона поради повреда. Претходно го пропушти натпреварот против Феникс на 7 ноември од лични причини. Тој е под знак прашалник и за домашниот натпревар против Лос Анџелес Лејкерс закажан на 21 декември.

Read More