Екипата на Милан конечно успеа да го раскине договорот со фудбалерот, Дивок Ориги, кој подолг период беше надвор од списокот но, добиваше плата од околу 300.000 евра месечно.
Напаѓачот пристигна од Ливерпул во јули во 2022 година и запиша само 27 натпревари на кои постигна два гола. Потоа беше испратен на позајмица во Нотингем Форест.
„Росонерите“ во обид да го принудат да си замине, го испратија во младинскиот тим но, 30-годишниот напаѓач не сакаше да се откаже од догoворот кој му беше валиден до летото во 2026 година.

