Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, на мечот против Орландо, го запиша својот 13-ти трипл-дабл во сезоната: 23 поени (10 од 17 од поле), 11 скока и 13 асистенции.
Јокиќ сега има 5.667 асистенции што му овозможи да го надмине легендарниот, Карим Абдул-Џабар и да стане центар кој е рекордер во најсилната светска лига.
Покрај тие двајцата во Топ 5 влегуваат и Вилд Чемберлен, Бил Расел и Алван Адамс.

