Во Олимписката лабораторија за врвни спортски перформанси на Македонскиот олимписки комитет деновиве беа спроведени специјализирани тестирања на олимписките стипендисти: Дејан Георгиевски, Милијана Рељиќ, Душица Бреслиева, Дарио Ивановски, Ангел Петрушев и Анастасија Мојсовска кои се најсериозни македонски кандидати за учество на Олимписките игри Лос Анџелес 2028.

Дополнително, во наредниот период ќе бидат тестирани Никола Ѓуретановиќ, Магомедгаџи Нуров и Владимир Егоров.Тестирањата опфаќаат мерења на основните моторички способности, морфолошко антропометриските карактеристики и физиолошки капацитети на најдобрите македонски спортисти во поединечните олимписки спортови.

Целта на овие мерења е да се добие аналитички прецизен профил за моменталните перформанси и да се изработат индивидуализирани тренажни програми како и план за следење на нивниот напредок до ЛОИ Лос Анџелес 2028.

