Џејмс Харден, плејмејкерот на Лос Анџелес Клиперс кој играше на 25 од првите 26 натпревари од сезоната, мораше да го пропушти гостувањето кај Оклахома Сити поради проблем со листот на ногата.
Ова е негово прво отсуство оваа сезона поради повреда. Претходно го пропушти натпреварот против Феникс на 7 ноември од лични причини.
Тој е под знак прашалник и за домашниот натпревар против Лос Анџелес Лејкерс закажан на 21 декември.

