Играчот на Голден Стејт, Ал Хорфорд, би можел да се врати на теренот на натпреварот против Далас Маверикс кој е закажан за в четврток на Божиќ.
Тоа го соопшти главниот тренер на „Вориорс“, Стив Кер. 39-годишниот ветеран поради проблеми со грбот ги пропушти последните седум натпревари на тимот.
Хорфорд во сезонава се појави на само 13 мечеви и успеа да обезбеди просек од 5,6 поени и 4,4 скока.

