Првиот голгетер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека е среќен во клубот и дека нема намера во догледно време да ја менува средината. „Смирен сум и фокусиран. Англија е фудбалска земја и мислам дека е најдоброто место за играње. Сакам да бидам дел од тоа.“ – рече Норвежанецот кој имaше само пофални зборови за менаџерот, Пеп Гвардиола. „Тој е првиот што пристигнува, последниот што заминува. Тоа е посветеност, мотивација а исто така и интензивен начин на гледање на фудбалот“ – рече Халанд.
Author: dino
Рома отвори преговори со Манчестер Јунајтед за позајмица на фудбалерот, Џошуа Зиркзе, во зимскиот преоден рок, објавува „Газета дело Спорт“. Toј треба да дојде на местото на Еван Фергусон кој беше позајмен од Брајтон но, не ги исполни очекувањата и ќе биде вратен во Англија. 24-годишниот фудбалер во тековнава сезона има одиграно 8 мечеви во Премиер лигата и постигнато еден гол.
Претседателот на фудбалскиот состав Милан, Паоло Скарони, вели дека прво размислува за Лигата на шампионите а потоа околу евентуално освојување на „Серија „А“. „Секогаш гледам напред полн со надеж. Јас и Макс Алегри повторуваме дека имаме една цел: да бидеме во Лигата на шампионите во наредната сезона, бидејќи Милан секогаш мора да биде таму“ – рече Скарони. „Мора да бидеме на сцената на светскиот фудбал. Мислам дека е клучно што имаме тренер како Алегри кој е искусен и компетентен“ – беа дел од зборовите на првиот човек на „росонерите“.
Луѓето од Лос Анџелес Клиперс ќе се обидат да му пронајдат нов тим на Крис Пол, најави инсајдерот Џејк Фишер. „Клиперси сакаат да соработуваат со Пол и неговите претставници за да му најдат нов тим. 40-годишникот посочи дека веројатно ќе ја продолжи кариерата – дури и ако тоа значи да го напушти Лос Анџелес.“ – напиша Фишер. „Клиперси навистина се посветени да му помогнат да се пресели во друг клуб бидејќи станува збор за легенда на клубот“ – нагласи Фишер.
Рич Пол кој му е агент задолжен за трансфери на легендарниот играч на „езерџиите“, Леброн Џејмс, се сомнева дека Лејкерси се способни да ја освојат титулата. „Мислам дека Лејкерси не се доволно силни за да бидат претенденти во моментов. Тие немаат доволнот ресурси за да стигнат до финалето на Западната конференција“- рече Пол. „Од таа перспектива, тимот не подготвен да се натпреварува за титулата“ – беа дел од зборовите на Пол.
За време на меѓусезоната, клубовите од Евролигата беа заинтересирани за 30-годишниот американски плејмејкер Монте Морис, но тој одлучи да се фокусира на обидот да остане во НБА. Кошаркарот одигра шест натпревари за Индијана во ноември (3 поени, 1,2 скока, 1,5 асистенции за 10,6 минути), но на крајот не доби договор. Затоа Олимпијакос му достави нова понуда на Американецот кој треба да биде замена за повредениот Кeнан Еванс.
Ергин Атаман главниот тренер на турската репрезентација и на грчкиот Панатинаикос, го пофали настапот на центарот на Хјустон, Алперн Шенгун. „Технички, Шенгун е најдобриот центар во светот во додавања. Според мене, тој е супериорен во однос на Никола Јокиќ. Тој има 23 години и само ќе станува подобар. “ – рече Атаман. Турскиот кошаркар има просек од 23,1 поен, 9,1 скока и 7,1 асистенции по натпревар.
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, нема посеризона повреда, објавија луѓето од Милано. Тој по мечот со Торино одигран во Серија „А“, има воспаление на десниот аддуктор. Според најавите од Италија, Португалецот нема да настапи на неделниот меч со Сасуоло во новата рунда во Калчото. Напаѓачот веројатно ќе биде подготвен за настап на 18 декември против Наполи во полуфиналето на Супер-купот на Италија.
Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, кој е надвор од терените од 14 август поради повреда на коленото, доцна синоќа го одработи целиот тренинг со екипата. Белгиецот постигна 14 гола и имаше 10 асистенции во Серија А во претходната сезона кога беше освоена шампионската титула. 32-годишниот Лукаку е еден од најдобрите во тимот и сигурно неговото враќање ќе влијае на ефикасноста на Наполи.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои првата титула во Формула 1 откако на денешната последна трка во сезоната во Абу Даби го обезбеди третото место на пиедесталот. Победата на Макс Верстапен од Ред Бул на трката за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати не беше доволна да се одбрани титулата. Второто место му припадна на Оскар Пјастри, вториот возач на Мекларен. Во топ 10 влегоа и Леклер, Расел, Алонсо, Окон, Хамилтон, Строл и Берман. Во конкуренција на конструктори титулата од претходно ја имаше обезбедено Мекларен пред Мерцедес и Ред Бул.
