Луѓето од Лос Анџелес Клиперс ќе се обидат да му пронајдат нов тим на Крис Пол, најави инсајдерот Џејк Фишер.
„Клиперси сакаат да соработуваат со Пол и неговите претставници за да му најдат нов тим. 40-годишникот посочи дека веројатно ќе ја продолжи кариерата – дури и ако тоа значи да го напушти Лос Анџелес.“ – напиша Фишер.
„Клиперси навистина се посветени да му помогнат да се пресели во друг клуб бидејќи станува збор за легенда на клубот“ – нагласи Фишер.

