Author: dino

Скијачот, Винсент Крихмаер, победи во трката во Супер-Џи реализирана во Бивер Крик, САД. Истата беше одложена за еден час поради магла и обилни снежни врнежи. Австриецот постигна време од 1:06,77 секунди, победувајќи го Норвежанецот Фредрик Милер за 56 стотинки. Рафаел Хасер од Австрија го пополни третото место на подиумот. Зад нив се пласираа Доминик Париз и Марко Одермат, кој со новите бодови останува на чело во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.

Read More
NBA

Кошаркарот, Кристапс Порзингис, се врати во поставата на Атланта откако поради болест пропушти четири натпревари во НБА лигата. Минатата сезона центарот страдаше од синдром на постурална ортостатска тахикардија што предизвикува зголемување на срцевиот ритам. „Не би рекол дека беше исто. Едноставно не се чувствував добро. Не бев здрав, не беше исто како минатата сезона и тоа е добра вест“ – рече кошаркарот на Хокс.

Read More

По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски. Како што објавија од редовите на нашиот првак, пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Шундовски несебично ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно. Неговата позицијата ќе остане сè до назначувањето на нов тренер. „Ги повикуваме сите вистински љубители на ракометот, како и битолската јавност, да застанеме обединето зад нашиот клуб во претстојните предизвици. Да покажеме што значи љубов кон клубот, кон ракометот и кон Битола“, порачаа од клубот.

Read More

Шпанскиот ракометен тренер, Рубен Гарабаја, го напушти кормилото на екипата на Еурофарм Пелистер. Неговото заминување доаѓа по поразот на гостувањето кај Загреб во Лигата на шампионите. Битолчани објавија дека прекинот на соработката доаѓа спогодбено. Гарабаја откако седна на клупата на „зелено-белите“ успеа да го освои само пехарот во домашниот Супер-куп.

Read More

Елитниот состав, Рома, најави дека има намера да го засили нападот во јануарскиот преоден рок, објавија медиумите на „Чизмата“. „Волчицата“ за таа цел размислува да го ангажира Џакомо Распадори од Атлетико Мадрид кој во претходната сезона настапуваше за Наполи и добро ја познава Серија „А“.  Италијанецот не успеа да се наметне на Пиринеите и досега има само девет натпревари во елитата на Шпанија и два во Лигата на шампионите.

Read More

Луѓето од Милан веројатно ќе испратат понуда до дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, доколку левиот бек биде ставен на трансфер-списокот на шпанскиот состав, најавува денеска – „Калчомеркато“. „Росонерите“ се надеваат дека ќе го ангажираат францускиот репрезентативец на позајмица бидејќи неговиот договор со „кралевите“ трае до 2028 година. 30-годишниот фудбалер има одиграно 202 меча за „белите“ со ефект од 6 голови и исто толку асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, воопшто не е задоволен по вчерашното реми со Вест Хем во меч од Премиер-лигата.  „Имавме добри моменти но, ја загубивме контролата откако примивме  гол. Немаме играчи што може да пристиснат напред“ – нагласи Португалецот. „Црвените ѓаволи“  со 22 бода влегуваат во групата со Брајтон и Ливерпул и го делат седмото до деветтото место на табелата.

Read More

Скаутите на Манчестер Јунајтед ги следеле настапите на фудбалерот на Олимпијакос, Христос Музакитис, велат последните информации од Англија. 18-годишникот има одиграно над 50 натпревари за грчкиот гигант од кои пет во Лигата на шампионите. Тој ебитираше и за селекцијата на нашиот јужен сосед. Тимот од стадионот -„Олд Трафорд“  може да се обиде да го ангажира младиот фудбалер во текот на наредното лето.

Read More

Кошаркарите на Монако станаа рекордери во Евро-лигата ако се гледа бројот на постигнати поени во регуларниот дел од мечот без продолженија. Тие вчера имаа фантастична вечер и го совладаа составот на Париз со убедливи 125:104. Тимот од Кнежевството на тој начин ги надмина рекордите на Панатинаикос и Макаби Тел Авив кои имаа постигнато по 123 коша.

Read More

Линдзи Вон ќе се натпреварува во трките од Светскиот куп кој започнува на 12 декември со спуст во Сент Мориц, Швајцарија. Легендарната скијачка која се повлече од белите спортови во 2019 година, најави дека има намера да настапи на претстојните Зимски Олимписки Игри. „Кортина е многу посебно место за мене со многу неверојатни спомени“ – рече Американката во последното интервју.

Read More