Елитниот состав, Рома, најави дека има намера да го засили нападот во јануарскиот преоден рок, објавија медиумите на „Чизмата“.
„Волчицата“ за таа цел размислува да го ангажира Џакомо Распадори од Атлетико Мадрид кој во претходната сезона настапуваше за Наполи и добро ја познава Серија „А“.
Италијанецот не успеа да се наметне на Пиринеите и досега има само девет натпревари во елитата на Шпанија и два во Лигата на шампионите.

