Кошаркарот, Кристапс Порзингис, се врати во поставата на Атланта откако поради болест пропушти четири натпревари во НБА лигата.
Минатата сезона центарот страдаше од синдром на постурална ортостатска тахикардија што предизвикува зголемување на срцевиот ритам.
„Не би рекол дека беше исто. Едноставно не се чувствував добро. Не бев здрав, не беше исто како минатата сезона и тоа е добра вест“ – рече кошаркарот на Хокс.

