Шпанскиот ракометен тренер, Рубен Гарабаја, го напушти кормилото на екипата на Еурофарм Пелистер.
Неговото заминување доаѓа по поразот на гостувањето кај Загреб во Лигата на шампионите. Битолчани објавија дека прекинот на соработката доаѓа спогодбено.
Гарабаја откако седна на клупата на „зелено-белите“ успеа да го освои само пехарот во домашниот Супер-куп.

