По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.
Како што објавија од редовите на нашиот првак, пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Шундовски несебично ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно. Неговата позицијата ќе остане сè до назначувањето на нов тренер.
„Ги повикуваме сите вистински љубители на ракометот, како и битолската јавност, да застанеме обединето зад нашиот клуб во претстојните предизвици. Да покажеме што значи љубов кон клубот, кон ракометот и кон Битола“, порачаа од клубот.

