Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, воопшто не е задоволен по вчерашното реми со Вест Хем во меч од Премиер-лигата.
„Имавме добри моменти но, ја загубивме контролата откако примивме гол. Немаме играчи што може да пристиснат напред“ – нагласи Португалецот.
„Црвените ѓаволи“ со 22 бода влегуваат во групата со Брајтон и Ливерпул и го делат седмото до деветтото место на табелата.

