Актуелниот шампион на НБА, Оклахома, има историски почеток на сезоната – 20 победи и 1 пораз. Во меѓувреме, Тандер имаат право да продадат избор од првата рунда на Клиперс во 2026 година. Тим Мекмахон од ESPN изјави дека оваа ситуација предизвикува загриженост кај повеќето тимови од НБА. „Лигата е во паника околу тоа што Оклахома Сити го има изборот на Клиперси. Сериозен сум… Тимовите го гледаат тоа и размислуваат дали Тандер ќе добијат избор на лотарија?“ – рече Мекмахон.
Author: dino
Ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид, одигра цел натпревар против Атланта и тоа за прв пат по пауза од три недели. „Мислам дека првото полувреме помина добро. Само два тренинга за еден месец а потоа полн товар, напад и одбрана. Не е лесна задача“ – рече Ембид. „Најважно за мене беше како се движев, скокав и слично“ – потенцираше 31-годишниот НБА центар.
Играчот на Питсбург, Сидни Крозби, направи уште еден чекор кон рекордот на Марио Лемие по бројот на освоени поени во Националната хокеарска лига на САД и Канада. Тој сега заостанува само седум голови или асистенции во однос на легендата откако постигна два гола во победата против Филаделфија. 38-годишниот Канаѓанец досега забележа вкупно 1.716 поени во кариерата.
Извршниот директор на Мекларен во Формула 1, Зак Браун, не го криеше разочарувањето откако Макс Верстапен победи на трката Големата награда на Катар. Неговиот тим имаше лоша проценка околу влегувањето во боксот и промена на гумите што практично му овозможи на возачот на Ред Бул да дојде до првото место. „Очигледно направивме огромна грешка. Мислам дека Оскар беше апсолутно беспрекорен целиот викенд. Многу е разочарувачки“ – рече Браун.
Челниците на фудбалскиот состав Лидс, дефинитивно ќе размислуваат за промена на кормилото. Имено, менаџерот Даниел Фарке, би можел да биде отпуштен доколку претрпи порази во претстојните натпревари против Челзи и Ливерпул. Англискиот состав откако претрпе четири порази во последните пет рунди, се спушти на 18-то место на табелата
Луѓето од Манчестер Јунајтед континуирано ги следат игрите на дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун, велат последните информации од Англија. Наводно, тимот од „Олд Трафорд“ сака да го ангажира 22-годишниот бек кој има тековен договор до 2030 година. Анализите велат дека Германците за неговиот потпис ќе бараат околу 60 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, верува дека бранителот на титулата во Серија „А“ сега има посилен состав за разлика од претходниот шампионат. „Убеден сум дека овој тим на Наполи е посилен од минатата сезона. Верувам дека ќе продолжиме да играме одлично но, мора да ги почитуваме другите“ – рече Де Лаурентис. Наполи и Милан го делат првото место на табелата во Серија „А“ со 28 бодови или еден повеќе од Интер и Рома.
Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишич, веројатно ќе го пропушти мечот со Лацио во Купот на Италија но, ќе се врати на теренот за дуелот со Торино закажан в понеделник. Интернационалецот од САД кој се соочува со повреда на мускулот, од денеска треба да се врати во тренинг процес. „Газета дело Спорт“, предвидува дека крилниот напаѓач нема да игра против „римските орли“ но, ќе биде на списокот за мечот со Торино.
Претседателот на Македонскиот Олимписки комитет, Даниел Димевски, учествуваше на Вонредното генерално собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ) во Портимао, Португалија. Најважната вест од состанокот е дека Македонија е една од 15-те земји избрани за новата Програма за развој на спортот, која е целосно финансирана од МКМИ. Оваа програма ќе се реализира веднаш во спортскиот центар во Формија, Италија. Ова претставува огромна можност за македонските спортисти, бидејќи Македонија добива право да учествува со четири спортистки и еден тренер. Првиот олимписки спорт избран за оваа програма е мечувањето, а наскоро ќе бидат објавени и останатите индивидуални спортови.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската најдобра репрезентација, Благоја Милевски. Toj од 1. август во 2021 година ја предводеше сениорската селекција на 48 натпревари со ефект од 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Македонија под негово водство избори два баража за пласман на Мундијалот, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во наредната сезона. ФФМ упатува искрена благодарност до селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за професионалната работа и постигнатите резултати. Управниот одбор најдоцна…
