Ѕвездата на „Маверикс“, Ентони Дејвис, зборуваше за својата реакција на неодамнешното отпуштање на генералниот менаџер, Нико Харисон. „Никој ништо не знаеше, па затоа одлуката беше изненадувачка. Нико е еден од нас. Тој одигра огромна улога во тоа што ме доведе до тука и сакаше да ја остварам неговата визија.“- рече Дејвис. „Сакам да победувам на натпревари и да го правам тоа за што Нико нè донесе сите тука – да ја освојам титулата“ – рече играчот на Далас.
Author: dino
Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, се повреди на ноќешниот натпревар против Хјустон одигран во НБА лигата. Бекот играше видно повреден во последните неколку минути а на 35 секунди пред крајот, по консултација со стручниот штаб го напушти теренот и отиде во соблекувалната. Според прелиминарните извештаи, бекот има повреда на десниот колк. Кари одигра 33 минути постигнувајќи 14 поени 7 скока и 5 асистенции.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, инсистираше дека не е опседнат со препознатливата формација 3-4-3 која на времето ја користеше во Спортинг. Португалецот претходно изјави дека формацијата не проблем за неговиот тим и дека нема да ја напушти но, сега е подготвен да го стори спротивното. „Размислувавме за Брајан како централен напаѓач бидејќи е многу брз во транзициите. Може да биде поопасен и можеме да го искористиме во иднина“ – рече Аморим
Менаџерот на Интер, Џузепе Марота, го бранеше првиот голман Јан Зомер, кој доби критики по слабите настапи на неколку дерби мечеви во Серија „А“. „ Дури и одличните голмани добиваат критики. Кога голманот ќе направи грешка, тоа често носи гол. Кога играчот од средниот ред ќе направи грешка, тоа веројатно го корегира одбраната“ – рече Марота. Реакцијата на Марота доаѓа откако Швајцарецот во изминатите денови доби лавина на критики преку социјалните мрежи.
Алесандро Дел Пјеро, имаше пофални зборови за младиот фудбалер на Јувентус, Кенан Јилдиз, кој има забележителни настапи во континуитет. Легендарниот играч на „старата дама“ исто така реагираше и на играта што ја покажува тимот од Торино. „Јувентус треба да покаже карактер во моментите кога е потребно. Клучно е за нив да ја завртат сезоната“ – рече поранешниот фудбалер. „Доаѓањето на Лучијано Спалети им даде емотивен поттик но, тоа треба да се поддржи на теренот со големи победи. Навивачите го очекуваат токму тоа“ – нагласи легендата на Јуве.
Кристијано Роналдо ќе има право да игра на првиот натпревар на Португалија на Светското првенство во 2026 година откако му е намалена казната на само еден меч за црвениот картон заработен против Ирска. Дисциплинската комисија на ФИФА првично му изрече суспензија од три натпревари на Поругалецот но, два се поништени. Тоа значи дека Роналдо ја одлежа суспензијата бидејќи не играше на мечот со Ерменија. Одлуката е условна и првичната казна од три средби може да се врати на сила доколку Кристијано заработи ново исклучување во текот на една година.
Денеска завршува 5-то коло во Лигата на фудбалските шампиони кое може да промовира дел од екипите како сигурни патници во елиминацискиот дел. Дербито ќе биде меѓу непоразените Арсенал и Баерн Минхен а внимание привлекува и пресметката меѓу бранителот на тронот ПСЖ и Тотенхем. Тука може да се стави и мечот Атлетико Мадрид-Интер. На другите терени ќе играат: Копенхаген-Каират, Пафос-Монако, Ајнтрахт Франкфурт-Аталанта, Ливерпул-ПСВ, Олимпијакос-Реал Мадрид и Спортинг-Бриж. За денешните возбудувања во фудбалската елита на Европа слушајте во вечерниот дел на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
Фудбалерот, Нејмар, нема да игра до крајот на 2025 година откако бразилскиот напаѓач претрпе повреда на менискусот на левото колено. Паузата доаѓа по серија од три последователни натпревари за напаѓачот на Сантош. Ппобеда над Палмеирас, пораз од Фламенго и нерешено против Мирасол. Нејмар беше подложен на операција на скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено во октомври 2023 година и оттогаш се мачи да ја врати најдобрата форма.
Центарот на Далас, Дерек Лајвли, дефинитвно нема да игра на наредните три гостински натпревари. Маверикс официјално објави дека кошаркарот е на лекарски преглед поради оток и непријатност во десното стапало. 21-годишниот играч по 7-10 дена повторно ќе мора да направи тестови. Тој настапи само во седум натпревари оваа сезона, со просек од 4,3 поени и 5,3 скока.
Кошаркарскиот експерт, Марин Седлачек, кој помина 19 години во одделенијата за скаутинг на Мемфис и Филаделфија, го анализираше развојот на центарот на Хјустон , Алперн Шенгун. „Шенгун е на вистинскиот пат. Тој значително ја подобри својата офанзивна подвижност . Тој моментално е замена за плејмејкерот Ван Флит“ –рече Седлачек. „Во сезоната 2026-27, Шенгун ќе биде кандидат за наградата за најкорисен играч во лигата“ – рече Седлачек.
