Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос, Ергин Атаман, вели дека доаѓањето на Кенет Фарид беше одличен потег кој донесе серија на победи во Евролигата. „Откако Фарид пристигна, нашата дефанзивна агресивност се зголеми а стратегијата функционираше. Игравме многу добро дефанзивно, особено во последните четири натпревари.“ – рече Атаман. „Фарид добро ја разбра нашата стратегија а тоа му помогна на целиот тим“, заклучи главниот тренер на грчкиот состав.
Author: dino
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, беше разочаран откако загуби од Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите. „Натпреварот започна толку добро, направивме навистина позитивен чекор напред во начинот на кој пристапивме. Бевме закана во транзицијата, притискавме навистина добро во првото полувреме. Лошо е кога ќе загубиш на таков начин“ – рече Хау. Англискиот состав иако загуби во Франција има реална шанса да прогресира во наредната фаза во Лигата на шампионите.
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија во четврток ќе го одигра својот прв натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Во салата на СРЦ „Кале“ гостува репрезентацијата на Азербејџан, во првиот претквалификациски натпревар од групата „А“. За таа цел Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.
Играчот од средниот ред на Евертон, Идриса Геј, се извини за исклучувањето на натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (1-0). Тој беше исклучен во 13-тата минута поради тоа што се степа со својот соиграч Мајкл Кин, станувајќи првиот играч од Премиер лигата од 2008 година кој е исклучен поради расправија со соиграч. „Прво сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Преземам целосна одговорност за мојата реакција. Исто така, им се извинувам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа шти сум јас како личност, ниту вредностите што ги сметам за…
Кристијано Роналдо доби суспензија од само еден меч од Дисциплинската комисија на ФИФА по црвениот картон кој го дони на мечот со Р. Ирска во квалификациите за Мундијалот 2026. Тоа значи дека тој веќе ја отслужи казната во квалификациската фаза за Светското првенство во 2026 година против Ерменија, но ФИФА исто така условно го казни со уште два натпревари, кои ќе зависат од неговото однесување. Затоа, Кристијано Роналдо сигурно ќе игра на првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година, под услов да не направи уште еден дисциплински прекршок. Португалската мега-ѕвезда доби директен црвен картон против Ирска во Даблин на…
Ракометарите на Охрид по двете убедливо поминати две кола во Европскиот куп на ЕХФ го доби својот следен противник за осминафиналниот двомеч. ГРК Охрид досега ги прескокнаа Баку од Азебејџан и Слога Добој од Босна и Херцеговина, а денес го дозна и следниот ривал. Европската ракометна федерација ја одржа осминафиналната ждрепка на која беа одредени паровите. Охрид имаше среќа да налета на Дукла Прага од Чешка. Првиот натпревар ќе се игра во Охрид на 14/15 февруари, додека реваншот ќе биде на 21/22 февруари во Прага.
Фудбалерите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор , Федерико Валверде и Џуд Белингам се незадоволни од работата на главниот тренер на тимот, Чаби Алонсо , објави „Кадена СЕР“. Винисиус одбива да го обнови договорот со мадридскиот клуб додека Алонсо го тренира тимот. Играчот верува дека тренерот се однесува неправедно кон него. Валверде сака да игра во средниот ред, но Алонсо не го гледа како централен играч од средниот ред и го игра на позицијата десен бек. Белингам не го нашол своето место во системот на Алонсо и иако покажал вештина, не верува дека тренерот го извлекува максимумот од него. Реал Мадрид не успеа да победи на два натпревари по…
Ливерпул ќе биде без услугите на своите двајца дефанзивци, Конор Бредли и Џереми Фримпонг, во следните неколку натпревари. Се очекува тие да се вратат на теренот за две до три недели. Сепак, вестите се попозитивни за Флоријан Вирц. Младиот играч од средниот ред го пропушти натпреварот против Нотингем Форест поради повреда на мускулот, но менаџерот Арне Слот увери дека ќе биде достапен. „Неговата повреда не е сериозна и треба да игра оваа недела. Но, ќе видиме како ќе се развиваат првите неколку дена од неделата за него“, рече Слот. Претстојната недела е напорна за Ливерпул, кој во среда го пречекуваат…
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс потпиша двонасочен договор со центарот Дру Тим (25, 180 см), потврдија неговите агенти. Минатата сезона 25-годишникот имаше просек од 12,1 поен, 7,2 скока и 2,2 асистенции во девет натпревари за Бруклин но, Нетсите одлучија да ја прекина соработката.Тим го помина поголемиот дел од својата кариера во Г-лигата во составот на Саут Беј Лајтнинг.
Пол Пирс зборуваше за одбранбените вештини на кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грил, доведувајќи ја во прашање неговата ефикасност во друг временски период. „Мислам дека Дрејмонд е најголемиот дефанзивец на новата ера, со оглед на моменталниот стил на игра.“ – рече Пирс. „Мислам дека Дрејмонд не би влегол во првиот тим на одбраната во која било друга ера . Замислете го да мора да ги чува Шекил О’Нил , Алонзо Морнинг,Дикембе Мутомбо или Кевин Гарнет“ – рече Пирс.
