Машката кошаркарска репрезентација на Македонија во четврток ќе го одигра својот прв натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
Во салата на СРЦ „Кале“ гостува репрезентацијата на Азербејџан, во првиот претквалификациски натпревар од групата „А“.
За таа цел Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.

