Фудбалерите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор , Федерико Валверде и Џуд Белингам се незадоволни од работата на главниот тренер на тимот, Чаби Алонсо , објави „Кадена СЕР“.
Винисиус одбива да го обнови договорот со мадридскиот клуб додека Алонсо го тренира тимот. Играчот верува дека тренерот се однесува неправедно кон него. Валверде сака да игра во средниот ред, но Алонсо не го гледа како централен играч од средниот ред и го игра на позицијата десен бек. Белингам не го нашол своето место во системот на Алонсо и иако покажал вештина, не верува дека тренерот го извлекува максимумот од него.
Реал Мадрид не успеа да победи на два натпревари по ред во шпанското првенство. Тимот одигра нерешено со Рајо Ваљекано (0:0) и Елче (2:2).

