Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос, Ергин Атаман, вели дека доаѓањето на Кенет Фарид беше одличен потег кој донесе серија на победи во Евролигата.
„Откако Фарид пристигна, нашата дефанзивна агресивност се зголеми а стратегијата функционираше. Игравме многу добро дефанзивно, особено во последните четири натпревари.“ – рече Атаман.
„Фарид добро ја разбра нашата стратегија а тоа му помогна на целиот тим“, заклучи главниот тренер на грчкиот состав.

