Екипата на Милан остана без тренерот, Еторе Месина кој си поднесе оставка по поразот од Трст во италијанското кошаркарско првенство. Претседателот на клубот, Панталео Дел’Орко, веднаш го назначи за нов главен тренер, Џузепе Поета, кој претходно беше прв асистент на Месина. Искусниот стратег за пет години во Милан, освои 3 титули во италијанското првенство а исто така освои и три Суперкупа и два Купа на Италија.
Author: dino
Ергин Атаман го критикуваше системот за селекција за Светското првенство во кошарка на ФИБА. Селекторот на Турција, остро зборуваше на таа тема. „Распоредот за националните тимови е многу чуден. Вие сте финалисти на Европското , но нема гаранција дека ќе се квалификувате за Светското првенство бидејќи сега мора да играте со различен состав“ – рече Атаман. „Верувам дека шампионите и финалистите на Евробаскетот треба да се натпреваруваат со второлигашки состави за места на Светското првенство“ – истакна Атаман.
Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, верува дека неговиот тим е во неповолна положба пред денешното гостување кај Бодо во Лигата на фудбалските шампиони алудирајќи на минусните температури и вештачкиот терен на стадионот Аспмира во Норвешка. „Тие се многу добри фудбалери, не станува збор само за теренот и студот. Бодо има многу квалитет и се претстави добро на меѓународните турнири.“ – рече Спалети. „Играчите не беа толку лоши против Фиорентина. Јас бев првиот што призна дека мораше да направиме повеќе“ – рече Спалети.
Барселона денеска ќе гостува кај Челзи во меч од Лигата на фудбалските шампиони а тренерот на Каталонците, Ханси Флик, рече дека неговиот тим може да се адаптира на секој противник. „Знаеме како сакаме да играме и исто така знаеме што треба да направиме. Пристапот е секогаш различен во зависност од противникот. Челзи е еден од најдобрите тимови во светот“ – рече Флик. „Тие се млад тим со исклучителни играчи. Ова е Лига на шампиони, не е лесно“ – нагласи тренерот на шпанскиот состав.
Историското Дерби дела Мадонина, меѓу Интер и Милан одиграно во неделата постави нов финансиски рекорд во италијанскиот фудбал. Натпреварот на стадионот –„Сан Сиро“ привлече 75.562 гледачи, генерирајќи вкупен приход од 8.649.494 евра! Ова го надмина претходниот рекорд од 7.626.430 евра, исто така поставен за време на натпреварот меѓу Милан и Интер во изминатата година. Новите приходи го рангираат миланското дерби на седмото место меѓу најпрофитабилните натпревари некогаш одиграни на Апенините.
Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно, увери дека играчите на тимот имаат доверба во својот тренер Антонио Конте иако медиумите го наведуваат спротивното. „Среќни сме со победата над Аталанта, но мора веднаш да ја вратиме енергијата. Секогаш сме имале доверба во тренерот, како што тој има во нас“ – рече Бонџорно. „ Вложуваме сè на теренот и трошиме многу енергија за да победиме. Сите сме насочени кон теренот “ – рече фудбалерот на тимот од Италија.
Коке продолжува да пишува историја за Атлетико Мадрид. 33-годишниот играч од средниот ред го одигра својот 700-ти натпревар за „Мадриѓаните“ во победата од 1:0 над Хетафе на гости. Покрај тоа што е играчот со најмногу официјални настапи во историјата на Атлетико Мадрид, Коке е втор играч со најмногу сезони како капитен на Атлетико (7). Првото место на ова рангирање го држи Енрике Колар, кој ја носеше лентата десет сезони (1959-1969). Коке е дел од академијата на Атлетико од 8-годишна возраст, а дебитираше за првиот тим на 19 септември 2009 година против Барселона. Во овие 17 години, тој има две титули…
Шведскиот напаѓач на Ливерпул, Александар Исак, стана првиот играч на Ливерпул во историјата на англиската Премиер лига (од 1992 година) кој ги загубил сите четири натпревари во кои бил стартер. Напаѓачот започна против Кристал Палас, Челзи, Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест. Исак се приклучи на клубот од „Енфилд“ во летниот преоден рок во 2025 година. Ливерпул го купи напаѓачот од Њукасл за наводно 130 милиони евра. Во девет настапи за „Црвените“ во сите натпреварувања, шведскиот напаѓач постигна само еден гол. Во Премиер лигата, Исак има пет настапи и една асистенција. Актуелниот договор на Александар Исак со Ливерпул е до крајот на јуни…
Суперкомпјутерот „Опта“ го идентификуваше лондонски Арсенал како убедлив фаворит во англиската Премиер лига оваа сезона. Суперкомпјутерот им дава на „топџиите“ 76,1% шанси да ја освојат титулата во Премиер лигата. Шансите на Манчестер Сити да ја освои титулата во Премиер лигата се пет пати помали, на 14,1%. Челзи е трет меѓу фаворитите за освојување на Премиер лигата (3,4%). Актуелните шампиони, Ливерпул, имаат проценети шанси за освојување на титулата од 2,4%. По 12 кола од англиската Премиер лига, Арсенал е лидер на табелата со 29 бода. Челзи е втор со 23, а Манчестер Сити е трет со 22. Ливерпул, со 18 бода, е само…
Нашите најдобри кошаркари од денеска влегуваат во фаза на подготовки за новиот циклус претквалификации за пласман на Европското првенство. Селекторот, Марјан Илиевски, вели дека треба да се заборави минатото. „Надополнети сме со поискусни играчи што не значи дека многу работи се менуваат. Тие се присутни тука и сигурно ќе бидат од значење“ – изјави нашиот селектор. Првиот натпревар ќе го имаме на 27 ноември во Скопје против Азербејџан а три дена потоа ќе одиме кај Ирска во Даблин. Во групата се наоѓа и селекцијата на Луксембург.
